Вежба од 20 секунди е спас за очите ако цел ден гледате во екран

 

Екраните се насекаде – на работа, дома, во џебот. Гледаме во нив додека јадеме, додека одиме, па дури и кога треба да спиеме. И колку и да се трудиме „малку да ги одмориме очите“, реалноста е дека повеќето од нас поминуваат часови зјапајќи во монитори, мобилни телефони и таблети.

Резултатот? Уморни, суви и иритирани очи, заматен вид и главоболки. Добрата вест е дека постои едноставно решение – и трае само 20 секунди.

Правило 20-20-20

Офталмологот Брајс Апелбаум открива едноставен трик за кој тврди дека навистина помага: правилото 20-20-20. Еве како оди: на секои 20 минути погледнете нешто што е оддалечено барем 6 метри (20 стапки) и држете го погледот на тоа најмалку 20 секунди.

Можеби звучи банално, но кога сте во работен фокус, ваква пауза може да биде разликата помеѓу лесен притисок зад очите и чувството дека ќе ви експлодира главата.

Како изгледа тоа во пракса?

Ако цел ден гледате во екран, обидете се да се потсетите на часовникот – полесно е ако почнете во некое „заокружено“ време, на пример точно во 10. На секои 20 минути погледнете низ прозорецот, кон дрво, покрив на зграда или небото. Важно е тоа да не е уште еден екран.

Ако немате поглед во далечина, станете и прошетајте до прозорецот. Или одберете нешто доволно оддалечено во просторијата за да го „растегнете“ фокусот на очите. Поентата е да ги опуштите мускулите во очите, како што би ја опуштиле шаката откако сте ја држеле стегната.

Зошто ова помага?

Кога со часови гледате во екран, зениците се стеснуваат, а мускулите во очите се постојано напнати – како очите да се цело време во „грч“. Апелбаум вели дека тоа е исто како да држите стегната шака цел ден – во еден момент, почнува да боли.

Оваа мини пауза им помага на очите да се опуштат, повторно да се навлажнат и да го прекинат напорот што се собира во текот на денот. Бонус: може да послужи и како мал момент за ресетирање на мозокот – двојна корист.

Што уште можеме да направиме?

Освен оваа брза вежба, можеме да размислиме за додатоци во исхраната кои го поддржуваат здравјето на очите, како антиоксиданси и омега-3 масни киселини, или едноставно да внимаваме да трепкаме почесто (да, навистина – луѓето пред екран забораваат да трепкаат).

Заклучок

Да се избегнат екраните? Речиси невозможно. Но да се одвои 20 секунди на секои 20 минути? Тоа веќе можеме.

Не мора да медитирате, да правите јога за лице или да ставате маска од краставици – доволно е да погледнете низ прозорецот. Очите ќе ви бидат благодарни.

реклама

Марс во Водолија им носи среќа на 4 хороскопски знаци

Read more

Нови докази го поместуваат потеклото на Македонското Кралство во 575 година п.н.е.

Read more

Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри

Read more

Како новиот електричен Citroën ќе чини само 7.990 евра?

Read more

Живот

Христијаните во Европа се намалуваат, атеистите имаат најголем пораст

Read more

Какво овошје можат да јадат мачките и на што да се внимава?

Read more

Трка под ноќното сонце, гастрономија, традиција: Зошто вреди да се посети Оулу?

Read more

Марс во Водолија им носи среќа на 4 хороскопски знаци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Десерт на денот: Планински специјалитет од тесто и џем

Читај повеќе

Христијаните во Европа се намалуваат, атеистите имаат најголем пораст

Читај повеќе

Какво овошје можат да јадат мачките и на што да се внимава?

Читај повеќе

Што се анаеробни вежби и како влијаат на телото?

Читај повеќе
  • filter

Трка под ноќното сонце, гастрономија, традиција: Зошто вреди да се посети Оулу?

Читај повеќе

Зошто треба да јадете храна богата со омега-3 во зима?

Читај повеќе

Марс во Водолија им носи среќа на 4 хороскопски знаци

Читај повеќе

Што е подобро да се напиете наутро: Кафе или мача?

Читај повеќе

Вкус што враќа во детството: Направете плазма торта од 3 состојки

Читај повеќе