Во Истанбул отворен Музејот на мозаици Зејтинбурну

Во центарот на Истанбул неодамна беше отворен Музејот на мозаици Зејтинбурну, кој веднаш стана задолжителна локација за посета за сите љубители на културата. Најновиот музеј во градот нуди извонреден приказ на историјата и богатото културно наследство на Турција, а посетителите можат да уживаат во прекрасни мозаици и тоа во нивната оригинална поставеност.

Музејот е сместен во историската поранешна воена болница, сега Центар за уметност Казличешме, која е прекрасно реставрирана зграда од црвена тула од отоманската ера. Карактеристичните мозаици изложени во музејот се откриени за време на реставрацијата на зградата во 2015 година, на длабочина од приближно 1,5 метри под површината.

Мозаиците датираат од 4 до 5 век од нашата ера и се верува дека се дел од локална римска вила. Изработени се со техниката „opus tessellatum“ и се одлични примери на доцноримската и раноисточната римска уметност. Се одликуваат со впечатлив спектар на орнаменти, од геометриски дизајни и ѕвезди, до полигонални композиции и цветни мотиви.

 
Поттикнати од можноста геометриските обрасци на мозаиците забележани на подот на зградата да се протегаат надвор од структурата, во 2019 година почнуваат пробни ископувања под надзор на Археолошките музеи во Истанбул. Овие ископувања не само што открија продолжение на мозаиците, туку и донесоа на виделина неочекувано и значајно откритие: значаен мермерен саркофаг што содржи останки од две лица.

Освен фасцинантните мозаици што се протегаат на површина од 190 м², во Музејот на мозаици Зејтинбурну се изложени и подеднакво импресивни археолошки експонати. Мермерниот саркофаг, гробницата од тули и човечките остатоци поврзани со овие структури се меѓу најинтригантните, а теракотните садови и монетите од различни векови укажуваат на долгогодишниот континуитет на животот во областа.

Музејот на мозаици Зејтинбурну во својот состав има и библиотека, изложбени сали и други културни простории, нудејќи им на посетителите разновиден центар што го оживува културниот живот во регионот и интересни содржини за истражување.

реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Полската економија е шеста по големина во ЕУ и е на добар пат да ја престигне Швајцарија

Read more

Живот

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Read more

Нутриционистите особено препорачуваат боровинки во лето

Read more

Како да се намали стравот од возење кај кучињата?

Read more

Магазин

Носите паметен часовник? На едно нешто треба да внимавате, посебно во лето

Читај повеќе

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Читај повеќе

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Читај повеќе

Мислите дека пиете доволно вода? Знаци на дехидратација што многумина ги мешаат со замор

Читај повеќе

Чорба вендинг машина

Читај повеќе

Зошто на некои луѓе им треба повеќе сон од другите?

Читај повеќе

Клучни хранливи материи за посилни зглобови и зачувување на 'рскавицата

Читај повеќе
  • play_arrow

Оргулите во Халберштат ќе го свират истото дело до 2640 година

Читај повеќе

Рецепт за домашен сладолед Nirvana: Кремаст, полн со карамела и крцкави печени лешници

Читај повеќе