Психолозите од Универзитетот „Оксфорд“, во студија спроведена во 11 земји, откриле дека луѓето најмногу уживаат во кафето во среда, особено наутро.
Анкетата на 3.000 луѓе е спроведена помеѓу април 2024 и февруари 2025 година во 11 земји, вклучувајќи ја го и Обединетото Кралство. Истражувачите веруваат дека расположението во средината на неделата се подобрува бидејќи луѓето го поминуваат најтешкиот дел од работната недела и со нетрпение го очекуваат викендот.
„Среда го означува почетокот на одбројувањето за викендот, што може да ги натера луѓето да се чувствуваат попозитивно за сè, вклучително и за тоа што пијат“, вели авторот на студијата, Чарлс Спенс.
Додаде дека годишните времиња можат да влијаат и на вкусното искуство. На пример, напролет, кога времето се подобрува, многу луѓе почнуваат повеќе да уживаат во кафето.
Студијата, исто така, откри дека испитаниците повеќе уживале во кафето кога седеле со пријатели отколку кога го пиеле сами, стоејќи или во движење. Исто така, пожелно е пијалакот да биде без капак, бидејќи капакот го намалува мирисот.
Анкетата, исто така, откри дека генерацијата X и миленијалците, на возраст од 30 до 60 години, генерално уживаат во кафето повеќе од генерацијата Z кои се под 30 години.