Магичното USB кабелче што може да полни и iPhone и Android смартфони

Ако имате iPhone и Android смартфон ја знаете маката со различните кабли за полнење - најновиот iPhone бара Lightning кабел, а Android уредите бараат micro USB кабел. За среќа сега има еден кабел што може да ги полни двата уреда.

LMcable привлекува многу внимание на Kickstarter, а функционира и во Lightning и во micro USB портовите, така што има две различно дизајнирани страни на приклучокот.

Едната се поврзува со пиновите на Lightning портот, додека долната страна се поврзува со пиновите на USB портот. Од другата страна на кабелот е стандардниот USB машки конектор.

Иако LMcable може да се поврзе и со разни уреди со тие портови, сепак не може да пренесува податоци. Кабелот има можност само да ги полни различните смартфони.

Целиот кабел е обвиткан во кожа, а ќе биде достапен во бела, кафена, црна и сина боја.

Kickstarter кампањата ја надмина целта од 3,582 долари повеќе од 10 пати, за само десетина дена и има повеќе од 1.500 подржувачи. Достапен е за 21 долар во преднарачка, а испораката треба да почне во април.

 

 

 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе