НБА 2019/2020

Мајами со прв пораз годинава на домашен терен

Лос Анџелес Лејкерс им го нанесоа првиот пораз на Мајами Хит сезонава на домашен терен, откако ги победија со 113:110.

За победниците, Ентони Дејвис запиша 33 поени, додека Леброн Џејмс додаде 28, и за малку не постигна трипл-дабл. Џејмс реализираше 12 асистенции и 9 скокови, додека Дејвис запиша 10 скока за Лејкерс.

Тимот има 23 победи на 26 натпревари и го зголеми својот клупски рекорд на 13 последователни успеси како гостин.

По осми пат оваа сезона, „езерџиите“ стигнуваат двоцифрена разлика во резултатот, а Мајами претрпе пораз на домашен терен во 12 натпревари.

Џими Батлер беше водечки стрелец за домашната екипа со 23 поени, Дерик Џонс додаде 17, Кендрик Нан остана со 16, а уште тројца од нивниот тим завршија со двоцифрен број на поени.

Резултати од НБА:

Орландо – Хјустон 107: 130

Филаделфија – Њу Орлеанс 116: 109

Мајами – Лос Анџелес Лејкерс 110: 113

Атланта – Индијана 100: 110

Чикаго – Шарлот 73:83

Мемфис – Милвоки 114: 127

Јута – Голден Стејт 114: 106

Минесота – Лос Анџелес Клиперс 117: 124

Сакраменто – Њујорк 101: 103

Лидери во одделни дивизии:

Источна конференција

Атлантик дивизија: Филаделфија – 20 победи / 7 порази

Централна дивизија: Милвоки – 23/3

Југоисточна дивизија: Мајами – 18/7

Западна конференција

Северозападна дивизија: Денвер – 15/8

Пацифик дивизија: Лос Анџелес Лејкерс – 23/3

Југозападна дивизија: Далас – 17/7.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе