Кошаркарите на Мајами Хит славеа тесна победа над Бостон Селтикс, но доволна за трета победа и само еден чекор до националното финале.
Тајлер Хироу ги предводреше Хит до победа од 112:109 постигнувајќи 37 поени. Првите две третини ги доби Мајами со 1 и 5 разлика, а во третата Бостон се врати во игра и ја почна последната со еден поен негатива. Кај Селтикс најефикасен беше Џејсон Тејтум со 28 поени.
Сега Мајами води со 3-1 во партии и му недостасува само една победа за да стане шампион на Истокот и да се пласира во големото финале против шампионот на Западот.
Наредниот петти натпревар ќе се игра во сабота сабајле со почеток од 2:30 часот по македонско време.