Живот

Мајчинството е како работење на две места со полно работно време

12. јуни 2019 - 11:57 | А.С.

Мајчинството е најубавата, но и најнапорната работа на светот. Грижата за децата е целодневна работа, а според резултатите од истражувањата, мајките во просек неделно работат по 98 часа, што е исто како да работат на две работни места со полно работно време.

Во истражувањето спроведено во САД учествувале 2.000 мајки со деца на возраст од 5 до 12 години. Резултатите покажале дека мајките во просек се будат во 6 часот и 23 минути и продолжуваат да ги обавуваат мајчинските обврски до 20 часот и 31 минута, во просек.

„Резултатите од истражувањето покажуваат колку многу бара улогата на мајка, поради обврските што се задолжителни секој ден“, вели Кејси Луис, нутриционистка за брендот Welch.

Според ова истражување, мајките се соочуваат со бројни притисоци, а дневно за себе успеваат да одвојат вкупно 7 минути.

Она што им помага да го издржат напорниот ден се играчките, iPad уредот, кафето, влажните марамчиња, детските ТВ-емисии и помошта од дадилки, баби и дедовци.

„Зафатените мајки може да се идентификуваат со спасувачи, бидејќи покрај бројните обврски имаат и обврска да го хранат семејството секој ден и да бидат еден вид ‘гориво’ за функционирањето на сите членови на семејството“, вели Луис.

Една мајка во просек работи по 14 часа дневно, што е речиси еднакво на две работни места со полно работно време. Истражувачите потсетуваат дека покрај грижата за децата, тука е и одржувањето на домаќинството. Интересно е што овие резултати воопшто не биле изненадување за многу мајки.

Коментирај