Најновото истражување покажува дека товарот на постојана одговорност што ја имаат мајките и емоционалната одговорност врзана за одгледувањето деца штетат на менталното здравје на жените.
Истражувањето е објавено во списанието Sex Roles и покажува дека иако сè повеќе мажи ги вршат домашните обврски и се грижат за децата, за разлика од минатото, сепак жените и понатаму го водат домаќинството, дури и кога се вработени.
Истражувачи од Универзитети во Аризона и Оклахома се обидоа да дојдат до заклучок како „невидливата работа“ е поврзана со чувството на преоптовареност и чувството на празнина во секојдневието на жените.
Скоро 9 од 10 жени изјавиле дека се чувствуваат одговорни за организирање на редот во семејството.
Најмалку 7 од 10 жени исто така изјавиле дека се одговорни и за други семејни рутини како грижата за домашните обврски. Голем број жени сметаат дека се одговорни и за следење на целокупната емоционална состојба на децата. Токму оваа „невидлива работа“, која служи за обезбедување бенефит на децата претставува силна и единствена врска со стресот кај жените, ова може да се поврзе и со незадоволството во бракот или животот во целина.
Истражувањето покажува дека мајката е првата личност која одговара на проблемите на децата. Тоа е многу тешка работа. Може да биде застрашувачки тоа што самостојно носите одлуки, а би ги разлошило наместо да ги подобри работите поврзани со среќата на децата, пренесува Independent.
Анкетирани биле 393 жени со деца помлади од 18 години. Жените кои биле задолжени за домаќинството изјавиле дека се целосно окупирани со родителската улога, дека имаат малку време за себе и се чувствуваат исцрпено.