Мајк Масимино, поранешен астронаут на NASA, нов говорник на Spark.me 2018

Тимот кој ја организира Spark.me, една од најголемите бизнис/интернет конференции во Југоисточна Европа, која се одржува на 26. и 27. мај во Будва (со серија специјализирани работилници закажани за 25. мај), објави ново име на говорник на Spark.me 2018 - Мајк Масимино, поранешен астронаут на NASA, професор на Универзитетот Колумбија, Сениор Советник за Вселенски програми и бестселер автор.

Мајк Масимино служеше како астронаут на NASA од 1996 - 2014, летајќи во вселената два пати и четири пати се прошета низ неа на мисиите поврзани со вселенскиот телескоп Хабл. Тој беше првиот човек кој твитна од вселената и последниот кој работеше во внатрешноста на Хабл. Мајк живее во Њујорк, каде е Сениор Советник за Вселенски програми на Interpid Sea, Air and Space Museum. Предава инженерство на Универзитетот Колумбија.

Мајк се појави и шест пати во хит комедијата на CBS, The Big Bang Theory, редовно се појавува во емисии, вести и документарци, вклучувајќи ги The Today Show, Good Morning America, Neil deGrasse Tyson’s Star Talk, и серијата One Strange Rock. Неговиот бестселер, Spaceman: An Astronaut’s Unlikely Journey to Unlock the Secrets of the Universe, беше издаден во 2016 година.

Претходно, организаторите на Spark.me објавија пет говорници - Mark W. Schaefer (еден од најпознатите стратези за маркетинг на социјални мрежи и бизнис консултант, Denise Lee Yohn (експертот за бренд лидерство, консултант и бестселер автор), Boyd Multerer (поранешен водечки инженер на Xbox кој ги основаше Xbox Live и XNA), Dhiraj Mukherjee (ко-основач на Shazam, $400 million) и Kerry O’Shea Gorgone (директорка за стратегии во MarketingProfs), водечки извор на информации за повеќе од 600.000 маркетинг професионалци ширум светот и водител на Marketing Smarts подкастот. Повеќе говорници ќе бидат објавени во наредните недели.

Билетите за spark.me конференцијата се достапни на официјалниот сајт www.spark.me. Редовната цена на билетите е 300 евра. Сите заинтересирани можат да ја искористат Late Rate цената и да ги купат нивните билети по цена од 250 евра до 13-ти мај. Средношколците, студентите, постдипломците и докторантите може да ги купат билетите по специјална цена од 50 евра.

Повеќе за конференцијата можете да најдете на официјалниот сајт www.spark.me, Facebook страницата, Twitter и Instagram профилите.

реклама

Бизнис

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Читај повеќе