Мајк Тајсон поразен од Џејк Пол, jутјуберот славеше со судиска одлука

Легендарниот боксер Мајк Тајсон (58) ноќеска загуби од 31 година помладиот јутјубер Џејк Пол на спектакуларен настан одржан на стадионот „AT&T“ во Тексас, САД.

Тајсон ги доби првите две рунди по одличниот почеток на мечот, но по тие 4 минути остана целосно без енергија и сила, па Пол доминираше во остатокот од мечот и заслужено славеше.

Тајсон агресивно влезе во борбата и го бркаше Пол околу рингот во првата минута од првата рунда и го удри неколку пати, но потоа Пол одговори со неколку силни удари. Според неофицијални податоци, Тајсон победи во првото коло со 10:9.

Втората рунда донесе премалку акција во рингот, а единствениот чист удар беше десното кроше на Тајсон. На судиите повторно им беше тешко да доделат бодови, но неофицијалните податоци велат дека рундата му припадна на Тајсон.

Пол многу подобро влезе во третата рунда и успеа да го затресе Тајсон, кој неколку пати се тетеравеше, но успеа да остане на нозе. Пол во третата рунда дефинитивно ја намали разликата што ја имаше по првите две.

По четвртата рунда Пол, кој имаше блага иницијатива, израмни и целосно се врати во мечот, а во петтата Пол повторно беше подобар, го удри Тајсон со прекрасно десно кроше, но на 40 секунди до крајот Тајсон добро го начека со лево кроше од контра. Рундата му припадна на Пол, кој поведе на овој меч.

Тајсон изгледаше уморно и во шестата рунда, но не презеде премногу акција ниту Пол, кој сепак ја доби рундата за значајна предност пред последните две. Тајсон со добар удар ја отвори претпоследната рунда, но тоа беше сѐ што направи во тие две минути. Пол добро работеше од далечина и собираше бодови, а во последната рунда рутински го приведе мечот кон крајот и славеше заслужена победа.

Прекрасна сцена беше видена во последните секунди од мечот кога jутјуберот му покажа голема почит на легендарниот Мајк и му се поклони.

Пол славеше со едногласна одлука на судиите, а беше 79:73 по 8 рунди борба.

реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Останати спортови

Биг Дез избркан од Бакс: Тврдел дека се обидува да ослаби, а се здебелил 18 кг

Read more

Албанската одбојкарска федерација бара од бразилска репрезентативка да докаже дека е жена

Read more

Нов скандал со обложување и местење борби го тресе UFC

Read more

Почина Шарл Кост, најстариот олимписки шампион

Read more
 

Спорт

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Читај повеќе

Колку заработува Хрватска со квалификациите за Светското првенство?

Читај повеќе
  • filter

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Читај повеќе

Пјастри: Односот со Норис никогаш не бил подобар

Читај повеќе

Гатузо го критикува системот на квалификации: Италија сруши рекорд, но ќе мора во бараж

Читај повеќе
  • play_arrow

ФИФА ги објави кандидатите за наградата Пушкаш

Читај повеќе

Костиќ удри по Пикси: Да имавме селектор немаше да изгубиме од Албанија

Читај повеќе

Милевски генерално задоволен од нулата со Латвија: Играчите ја оправдаа довербата

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Читај повеќе