Мајк Тајсон преку видео покажа дека е во одлична форма: Се вратив!

Легендарниот боксер Мајк Тајсон (53) објави снимка од тренинг, откако пред десетина дена најави дека ќе се врати во рингот за хуманитарен меч од четири рунди.

Некогашниот светски првак во тешка категорија повторно ја одушеви армијата од фанови ширум светот, покажувајќи дека уште има брзина и сила за удар.

„Се вратив!“, порача Тајсон на крајот на видеото.

Популарниот боксер пред десетина дена преку видео го најави хуманитарниот настан за помош на бездомници и луѓе на кои дрогата му го уништила животот, зависност со која и самиот се има соочено.

Секојдневно добива примамливи понуди за враќање во рингот, од кои најнова и прилично неодолива е онаа од Дејвид Фелдман, претседателот на Bare Knuckle Fighting Championship, кој му понуди 20 милиони долари за камбек, со можност да го бира противникот.

Далеку помала, но прилично реална понуда дојде и од Австралија. Промотерот Брајан Аматруда изјави дека го исконтактирал агентот Макс Марксон и дека му понудил на Тајсон 1 милион долари за борба.

Потенцијални противници на шампионот би биле Бери Хол, Пол Гален и Сони Бил Вилијамс, познати имиња од австралиската рагби сцена кои претходно боксувале.

Тајсон стана најмладиот шампион во тешка категорија кога во 1986 година со само 20 години го победи Тревор Бербик. До пензионирањето има победено во 50 од 58 професионални борби.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе