Живот

Мајка бара милион долари од синот за тоа што го одгледала и школувала

4. јануари 2018 - 14:37 | М.Д.

Врховниот суд во Тајван донесе одлука еден маж на својата мајка да и исплати милион долари за одгледување и финансирањето на неговото школување за стоматолог.

Мајката, која во јавноста го кажа само своето презиме, Луо, со својот син во 1997 година, кога тој имал само 20 години, потпишала договор според кој, тој бил обврзан да и дава 60 отсто од својата заработка после вработувањето.

После неколку години одбивање да и ја исплати договорената сума, Луо се одлучила да го тужи.

Тој сметал дека е погрешно да се бара исплата за одгледување на дете, но судот тој договор го означил како валиден.

Судот пресудил дека стоматологот на својата мајка моја да и ја исплати целата сума со камата.

Луо после разводот од мажот одгледала два сина и тврди дека потрошила стотици илјади долари за на своите синови да им овозможи школување, но се грижела дека тие нема да сакат да се грижат за неа во постари години.

Потоа, направила договор со кој и двајцата синови ќе и даваат дел од заработката како отплата за школарината, која таа ја финансирала, во износ од 1.7 милиони долари.

Постариот син постигнал договор со неа, со тоа што ја намалил сумата во договорот, додека малиот син Чу тврди дека бил многу млад кога го потпишал договорот, кој не би требало да биде валиден.

Чу исто така истакнал дека работел во ординацијата на својата мајка, со години откако дипломирал и дека на тој начин и помогнал да заработи многу повеќе од сумата која таа бара да му ја плати.

Судот, меѓутоа, го смета договорот за валиден, бидејќи Чу го потпишал како полнолетна личност, без никаков притисок.

Според тајванскиот закон, возрасните личности се должни да се грижат за родителите во подоцните години, со тоа што родителите немаат пракса да ги тужат своите деца, ако тоа не се случи.

Коментирај