Битолчанка се здоби со кривична пријава поради предизвикување општа опасност затоа што го запалила станот на синот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.К. (54) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 18 февруари, околу 20 часот во Битола на ул. „Питу Гули“, пријавената со запаливо средство предизвикала пожар во станот на нејзиниот син З.К. (29) од Битола при што изгорел поголем дел од покуќнината причинувајќи штета во износ од 100.000 денари.