Мајка на 13 години, омажена за макро на 19 – Трауматичниот живот на легендата Арета Френклин

Никој не знаеше да носи крзно како Арета Френклин. Обожаваше да ги фрла крзнените бунди среде песна на сцена во драматичен потег за да го засили емотивниот момент. Во нејзиниот случај, крзното исто така беше потсетник за публиката дека пред себе гледаат кралица.

Таа беше неоспорната кралица на соул музиката и никој нема да го заборави тоа. Кога Бијонсе ја претстави Тина Тарнер на сцената на доделувањето на Греми наградите во 2008 година како „Кралицата“, Френклин тоа го сфати како навреда и лута им рече на новинарите дека тоа бил „низок удар за провокација“. (Тарнер сепак одамна е прогласена за „Кралица на рокенролот“, па со право беше претставена со таа титула.)

Сега, владеењето на кралицата Арета Френклин заврши. Суперѕвездата која списанието „Rolling Stone“ ја прогласи за најдобрата пејачка на сите времиња, почина на 76 години во нејзиниот дом во Детроит, опкружена со семејството и пријателите.

Френклин почина од рак на панкреасот, болест со која се бореше од 2010 година. Нејзиното здравје беше сериозно оштетено од долгогодишниот алкохолизам, пушење и прекумерна дебелина, а таа дури лани соопшти дека конечно се повлекува од музичката сцена.

„Во овој момент, еден од најмрачните во нашите животи, немаме зборови за да ја изразиме болката во нашите срца. Ја изгубивме кралицата мајка и столбот на нашето семејство“, стои во соопштението од семејството на Френклин за нејзината смрт.

Со децении таа го одржа статусот на икона на Афроамериканците во САД. Ја пееше „Precious Lord“ на погребот на Мартин Лутер Кинг Џуниор во 1968 година, а повеќе од 40 години подоцна, настапи на инаугурацијата на првиот претседател на САД со афроамериканско потекло Барак Обама во 2009 година. Кога пееше за претседателот повторно шест години подоцна, тој ги бришеше солзите уште пред Френклин да го заврши првиот стих.

Добитничката на 18 Греми награди која има продадено десетици милиони албуми ја сметаат за најдобрата пејачка во повоената популарна музика.

Иако беше најпозната по хитовите како „Respect“ и „(You Make Me Feel Like) A Natural Woman“, нејзиниот опсег на гласот и разноврсност во музичките жанрови ги надминуваше сферите на госпел, поп, џез, соул и аренби музиката.

Кога во 1998 година Лучано Павароти не можеше да настапи на доделувањето на наградите Греми бидејќи го болеше грлото, Френклин излезе на сцена откако ја побараа 20 минути претходно и беспрекорно ја испеа аријата Nessun Dorma.

Сепак, зад нејзините настапи на сцени што се чинеше ги изведува без напор и наспроти огромното обожавање што го примаше, Арета Френклин беше намачена душа.

Како дете на растурен дом и татко свештеник кој наместо да му служи на Бога организирал оргии со верниците, Арета прв пат останала бремена на 12 години и имала две деца од двајца различни мажи до 15-годишна возраст. Пејачката се бореше со зависноста од алкохол речиси целиот нејзин живот.

Несигурноста беше нејзин најголем хендикеп и причина за нејзиното однесување како дива што е невозможно да се задоволи – често влегуваше во расправии со колегите, љубоморно се расправаше со другите ѕвезди и правеше спектакуларни сцени и со семејството и со пријателите.

Бидејќи негираше дека има лични проблеми и лошо однесување, Френклин даваше сѐ од себе да го скрие тоа од јавноста. Меѓутоа, сѐ беше изложено во неодобрената биографија од 2014 година чиј автор Дејвид Риц беше одлучен да ја открие „вистинската“ приказна откако 15 години претходно напиша официјална биографија што пејачката потполно ја цензурираше и преработи.

Френклин ја отфрли втората книга како „Лаги и само лаги!“, но никој од изворите, вклучувајќи ги нејзините најблиски пријатели и роднини, не ги негираа изјавите.

Татко ѝ Кларенс Френклин, највлијателната личност во нејзиниот живот, бил многу успешен баптистички свештеник. Бил близок пријател со Мартин Лутер Кинг, возел „кадилак“, носел скапи костуми и чевли од алигаторска кожа. Славата само ја подгревала неговата промискуитетност што кулминирала со тоа што забременил 12-годишно девојче. Неговата црква станала место за оргии, што очевидци ги опишуваат како „секс-циркус“. Биографот Риц за оргиите напиша: „Пијани и издрогирани, присутните пируваа, славејќи го голото тело.“

Мајка ѝ си заминала кога Арета имала шест години, а три години подоцна починала, со што таа и другите деца биле израснати од низата девојки и секретарки на разузданиот татко.

Трауматизирана од смртта на мајка ѝ и под влијание на животниот стил на татко ѝ, Арета станала сексуално активна на многу рана возраст. Пејачот Сем Кук инсинуирал дека имале врска кога тој имал 23, а таа амо 12 години.

Арета го родила првиот од четирите синови само два месеци по нејзиниот 13-ти роденден и му дала име Кларенс, по татко ѝ. Одлучна да стане пејачка, се отпишала од училиште и се приклучила на госпел караванот на црквата на татко ѝ.

Дошла во Њујорк кога имала 18 години и потпишала договор со Atlantic Records. Музичкиот успех бил целосна спротивност на ужасот во нејзиниот приватен живот. Со првиот сопруг Тед Вајт се омажила на 19 години, во 1961 година. Тој бил брутален уличен криминалец и макро и ја финансирал нејзината кариера на почетокот со пари од проституција. Исто така, физички ја малтретирал Френклин, некогаш и пред други луѓе.

Френклин јадела и пиела компулсивно. Алкохолот ѝ помагал да ја ублажи болката одд несреќниот брак, велат нејзините пријатели. Во пијана состојба има паѓано од сцена, била апсена за недолично однесување и откажувала концерти.

Добила уште едно дете со Вајт и се развела од него во 1969 година и во следната деценија успевала да го држи пиењето под контрола, но не и прекумерното јадење. Исто како и татко ѝ, славата ѝ удрила во глава и нејзиното сексуално однесување било хаотично.

„Таа беше кралица на соул музиката и понекогаш ги сметаше нејзините љубовници за свои слуги“, вели нејзиниот поранешен љубовник Денис Едвардс, пејачот на „Темптејшанс“.

Родила уште едно дете од менаџерот Кен Канингам и се омажила со вториот сопруг Глин Турман, актер, во 1978 година. Тогаш веќе почнала да бледнее славата на првиот бран хитови, но таа се трудела да остане релевантна во очите на публиката.

Нејзиното психичко здравје почнало сериозно да се нарушува и чувствувала огромен притисок од музичката индустрија.

„Се плашеше дека не е доволно добра пејачка, не е доволно убава жена или доволно посветена мајка“, вели сестра ѝ Каролин.

„Не знам како да го наречам тоа освен длабока, длабока несигурност. Пиеше за да се окуражи, а кога ќе завршеше тоа се повлекуваше за потоа да се врати како дива со круна на главата.“

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе
  • filter

„Кралицата на ботоксот“ позираше во долна облека за магазинот Elle

Читај повеќе