Мајка на пет деца откри како изгуби 32 килограми за една година

Со волја, упорност и желба сè може да се постигне, доказ за тоа е Ангела Мартин, 40-годишна мајка на пет деца од Тасманија. Таа секој ден јадела по 30 лажички шеќер и тежела 90 килограми. Но, во еден миг сфатила дека е потребно да го смени начинот на живеење.

Од вишокот килограми младата мајка цело време се чувствувала уморно, а наутро кога се будела имала чувство дека не е доволно наспана.

„Имав болки во грбот и цело време се грижев за моето здравје. Имам прекрасно семејство, но се чувствував како да сум без енергија, бев исцрпена и не можев да уживам со нив“, вели Мартин.

Кога нејзиното петто бебе имало само 6 недели, во јули 2017 година Ангела одлучила да ја исфрли индустриски преработената храна од исхраната, како и триесетте лажички шеќер кои секој ден ги јадела. Почнала да им дава приоритет на свежите намирници и веднаш почнала да се чувствува подобро.

Мајката на пет деца почнала да јаде пет мали оброци дневно и од личност која никогаш не пиела вода почнала да пие два до три литри вода дневно. Освен промени во исхраната Ангела почнала и да вежба, а во тоа било вклучено трчање, брзо одење и дигање тегови.

Во период од десет недели изгубила 15 килограми и тоа било голема мотивација да продолжи со темпото. За една година изгубила 32 килограми и од величина XL почнала да носи XS. Сега има 58 килограми.

„Една од најдобрите работи е што ја открив љубовта кон трчањето и сега трчам дури и на маратони“, вели Ангела.

Таа додава дека се чувствува како некој да ѝ подарил неколку дополнителни години живот.

„Моето здравје ми е приоритет и конечно се чувствувам како најсреќната личност во светот“, вели Ангела.

реклама

Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелија препраќани на социјалните мрежи

Read more

Толку е убава што луѓето мислат дека е кукла

Read more

Вучиќ: Нема да се воведе полициски час, иако јас сум против тоа

Read more

Феноменот на Милан не е Ибра, туку чудесниот Ребиќ

Read more

Живот

Насилство има и во училиштата без мешан етнички состав

Read more

Три хороскопски знаци кои секогаш го добиваат она што го сакаат

Read more

Детална процедура: Што да правите ако се заразите со коронавирус во Грција?

Read more

Како изгледа тестирањето за COVID-19 на грчката граница со Бугарија?

Read more

Магазин

Десерт на денот: Орео торта од 5 состојки

Читај повеќе
  • play_arrow

Летен фит предизвик: Затегнете ги нозете

Читај повеќе

Јасни сигнали кои покажуваат дека е готово со вашиот брак

Читај повеќе

Романот „Елитна проститутка“ го разбранува цел Балкан

Читај повеќе
  • play_arrow

Какви последици по здравјето имаат луѓето кои прележуваат COVID-19?

Читај повеќе

Фитнес совети за почетници: Како да се подготвите за првиот тренинг?

Читај повеќе

Какво ќе биде ова лето на љубовен план за вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

10 реченици кои не сака да ги слушне ниту една жена без деца

Читај повеќе

Брзо и лесно: Летна салата со наут

Читај повеќе