Мајката на Емилијано Сала: Кардиф мора да плати за тоа што се случи

Кардиф, 21 март 2019 (МИА) – На крајот на месец јануари ужасната вест за исчезнувањето на Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон го потресе фудбалскиот свет. Напаѓачот потпиша договор со Кардиф, кој го купи од Нант за 15 милиони фунти. Авионот на двајцата се урна на патот од Франција кон Велс, а подоцна беше пронајдено телото на аргентинскиот голгетер, но и понатаму не се знае каква е причината за трагедијата.

Мајката на фудбалерот, Мерседес Тафарел смета дека тимот од Премиер лигата не постапува правилно, откако не го плаќа износот на францускиот тим. Меѓу двете страни има формален договор, но во моментов од Кардиф одбиваат да ја платат сумата, додека не заврши истрагата.

„Емилијано потпиша пред очите на јавноста, пред очите на сите, за тоа Кардиф треба да плати. Сметам дека ова однесување е срамно за мене и моето семејство. Кардиф можат да направат своја истрага за да се разбере вистината и тоа ми се допаѓа, но тие не го почитуваат дадениот збор“, рече мајката на Сала.

Аргентинскиот напаѓач загина на 28-годишна возраст, кога авионот во кој Сала леташе заедно со пилотот, се сруши над англискиот канал.

„Гневна сум и тоа е факт. Тие не се погрижија за мојот син. Играч кој ги чинеше толку многу пари, тие не се однесуваа со него онака како што заслужи“, вели мајката на Сала.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе