На возраст од 82 години почина мајката на Пеп Гуардиола откако се заразила со коронавирусот. Стратегот ја потврди веста.
Една од илјадниците жртви на епидемијата во Шпанија е и Долорс Сала и Карио, мајка на поранешниот фудбалер и сега прочуен фудбалски тренер, Жузеп Гуардиола.
„Семејството Манчестер Сити со голема жалост денеска ја објавува смртта на мајката на Пеп, Долорс Сала и Карио, во Манреса, Барселона, откако се заразила од коронавирусот... Сите на било каков начин поврзани со клубот изразуваат сочувство до Пеп во овие тешки моменти, неговото семејство и сите негови пријатели“
Минатион месец Пеп донираше милион евра на фондацијата Анхел Солер Даниел и на Медицинскиот универзитет во Варселона како помош за набавка на потребни материјали за борбата со вирусот во Шпанија каде досега починаа повеќе од 13.000 луѓе, правејќи ја втора најтешко погодена земја во светот.
Долорс, покрај Пеп, имаше уште три деца: Пере, кој е агент и го претставува Пеп, сестра Франсеска која е политичарка и претставник на Каталонија во Скандинавија, како и уште една сестра.
Сочувство испратија и неговите поранешни клубови Барселона и Баерн.