Мајката на Роналдо: Сакав да го абортирам, ама не можев

Мајката на фудбалерот Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро, ја промовираше нејзината книга „Мајка на храброста“ во која раскажува дека размислувала за абортус кога била бремена со четвртото дете, односно со Кристијано.

“Најубавото нешто што го имаме се нашите деца.“ Со оваа реченица Долорес ја почна промоцијата на книгата во Сао Пауло.

Татко ѝ ја напуштил кога имала шест години, израснала во сиропиталиште, а кога се вратила дома Долорес живеела во тешки услови.

Се омажила за Хосе Динис Алвеира со кој добила две деца пред тој да замине во војна. Кога се вратил од војната, бил друга личност, тврди таа. Се оддал на алкохол и тоа била причината зошто таа размислувала да ја прекине четвртата бременост.

„Веќе имав три деца, сакав да абортирам, но не можев. Благодарна сум што така излезе, бидејќи Кристијано е ѕвездата што го осветли мојот живот“, рече Долорес на промоцијата.

Таа им порача на сите жени да не абортираат, туку да продолжат да се борат.

„Многу сум свесна дека сум мајка на Кристијано Роналдо, но не го одвојувам од останатите деца. Таа разлика ја прави останатиот свет, но за мене тој е ист како и другите три деца“, рече таа.

Долорес исто така нагласи дека никогаш не можела ни да претпостави каде ќе ја однесе животот, иако знаела дека Кристијано го интересира само фудбалот.

Фановите на Роналдо дојдоа на промоцијата за да се фотографираат со Долорес и да земат нејзин автограм. Таа со насмевка примаше комплименти на сметка на нејзиниот син.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Живот

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Read more

Стјуардеса откри како ги „казнуваат“ патниците кои не сакаат да го отстапат седиштето на дете

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Читај повеќе

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе