Кошарка

Мајкл Бизли потпиша едногодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс

21. јули 2018 - 12:50 | МИА

Лос Анџелес, 21 јули 2018 (МИА) - Кошаркарот Мајкл Бизли потпиша едногодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс, а во тимот доаѓа како слободен играч.

Бизли и претходно играше заедно со Леброн Џејмс во сезоната 2013/14 кога двајцата настапуваа во Мајами. Во овој период тие добро соработуваа и немаа поголеми проблеми.

Бизли пред да дојде во Лос Анџелес играше за Њујорк, каде на 74 натпревари просечно постигна по 13 поени.

Тој имаше можност да избира меѓу неколку клубови, од кои во потесниот круг останаа Лос Анџелес лејкерс и Оклахома Сити тандер.

Коментирај