Во едно неодамнешно интервју за Variety, Мајкл Џеј Фокс ги даде своите размислувања за потенцијалниот римејк на Back to the Future, популарната трилогија од 80-тите.

Тој смета дека римејкот би бил непотребен и излишен.
„Мислите дека можете да ја раскажете приказната на подобар начин? Се сомневам во тоа“, изјави тој. „Јас не сум фанатик. Правете што сакате, тоа е ваш филм. Јас веќе ја добив платата.“
Фокс исто така изјави дека режисерот и сценарист Роберт Земекис и сценаристот Боб Гејл веројатно не сакаат да работат на римејк бидејќи приказната е веќе целосно раскажана.
Колегата на Фокс од трилогијата, Кристофер Лојд, е малку поотворен за тоа. Иако не спомна римејк, тој рече дека би сакал да работи на продолжение на трилогијата, но само ако некој може да напише одлично сценарио кое ќе има смисла.

Една од причините зошто Лојд нема проблем да работи на продолжението е фактот што има многу добра хемија со Фокс.
„Никогаш не се мачев со Мајкл. Немаше никакви конфликти. Едноставно си одговаравме еден на друг. И тоа никогаш не престана. Верувам дека по сите овие години би можеле да ги повториме нашите улоги и да не мора ни да размислуваме за врската помеѓу Марти и Док“, рече актерот.

Фокс ги опиша своите размислувања за можниот римејк, неговите искуства од снимањето на Back to the Future и неговата битка со Паркинсоновата болест во документарниот филм Still: A Michael J. Fox Movie, кој е достапен на сервисот за стриминг Apple TV+.
Веројатно наскоро нема да го видиме Back to the Future на големото платно, но мјузикл базиран на истоимениот филм во моментов се продуцира на Бродвеј. Фокс рече дека нема да го гледаме на театарските штици, но дефинитивно ќе дојде и ќе ја поддржи претставата.