Мајкл Џордан ја отвори четвртата бесплатна клиника

Мајкл Џордан ја отвори неговата четврта бесплатна здравствена клиника во државата Северна Каролина, продолжувајќи ја својата мисија да го подобри пристапот до здравствената заштита за маргинализираните заедници. Ја отвори четвртата клиника во Вилмингтон, градот во кој пораснал.

Клиниката се простира на 680 квадратни метри, има 12 ординации и обезбедува основна медицинска нега во работните денови, поддржана од теренски здравствени работници кои им помагаат на пациентите да се поврзат со клучните локални услуги.

Еден од најдобрите, а според многумина и најдобриот, кошаркар на сите времиња, го започна овој проект во партнерство со организацијата Novant Health уште во 2019 година во Шарлот, а иницијативата дополнително се засили откако донира уште 10 милиони долари во 2024 година. Првата клиника во Вилмингтон забележала скоро 1.800 пациенти за само девет месеци.

„За мене ова е лично“, рече Џордан, нагласувајќи колку му значи да обезбеди квалитетна здравствена заштита во заедницата каде што пораснал.

„Ме исполнува кога гледам дека за помалку од една година, првата клиника во Вилмингтон веќе имаше значително влијание врз здравјето и благосостојбата на поединците и семејствата во мојот роден град. Враќањето во Вилмингтон минатата година за отворање на првата клиника беше длабоко емотивен момент за мене и дополнително потврди колку е важно за мене квалитетната здравствена заштита да биде достапна за оваа заедница“, додаде тој.

реклама

Ливерпул го продаде најскапиот играч во историјата на клубот

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Џеј Ло во тесен розов комбинезон на тренинг на Ф1: Позираше со тимот на Ферари

Read more

VW го зголемува производството на бензински и дизел мотори

Read more

Кошарка

Јокиќ брилираше на стартот од плејофот, пирови 37 поени на Дончиќ

Read more

Дончиќ го треснал мобилниот од ѕид кога дознал за размената во Лејкерс

Read more

Аделман: Јокиќ не може 1 на 4!

Read more

Дејвис го предводеше Далас до голема победа, Чикаго и Сакраменто елиминирани

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тројца фудбалери на Гостивар и член на струшниот штаб завршиле на распит во полиција

Читај повеќе

Анчелоти уште вечерва ќе добие отказ ако киксне во дербито

Читај повеќе
  • play_arrow

Воска гневна на судиите му поклони службена победа на Вардар

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ брилираше на стартот од плејофот, пирови 37 поени на Дончиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ го треснал мобилниот од ѕид кога дознал за размената во Лејкерс

Читај повеќе

Ливерпул го продаде најскапиот играч во историјата на клубот

Читај повеќе

Нов дебакл за Килјан Мбапе

Читај повеќе

Исповед на Меси за неуспешното враќање во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде се денес фудбалерите кои потпиша за Манчестер Јунајтед под Солскјер?

Читај повеќе