Објавен е првиот трејлер за филмот „The Snowman“, филмска адаптација на истоимената книга на писателот Ју Несбе. Во главната улога се појавува харизматичниот актер Мајкл Фасбендер.
Полицаец од Осло (Фасбендер) истражува исчезнувања на лица, жртви на сериски убиец. Потрагата по убиецот е полна со мистерии и чудни настани, кои ја отежнуваат истрагата.
Во останатите улоги се појавуваат Ребека Фергусон, Ј.К. Симонс и други. Режисер на филмот е Томас Алфредсон.
Премиерата е закажана за 13 октомври.