Мајкл Коен призна дека крадел пари од фирмата на Трамп

Судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп продолжи во Њујорк, а Мајкл Коен, неговиот поранешен близок соработник, повторно сведочеше.

Кон овој пат беше испрашуван од одбраната, односно тимот што го претставува Доналд Трамп. Тие ја истакнаа криминалната историја на поранешниот соработник на Трамп.

Тод Бланш, главниот адвокат на тимот на Трамп, се обиде да го прикаже Коен како човек склон кон невистини, и личност која тоа го прави поради несогласувања со поранешниот американски претседател.

За време на испрашувањето, Бланш можеше да „извлече“ од Коен признание дека земал пари од компанијата на Трамп во минатото. Поточно, Коен признал дека требало да плати 50 илјади долари на технолошка фирма, а дека 20 илјади стигнале до компанијата. Тој истакна и дека ова не е единствениот случај.

За потсетување, на Трамп му се суди врз основа на обвинение од 34 точки, што е директно поврзано со случајот на Сторми Даниелс, поранешна ѕвезда на филмови за возрасни, која наводно имала афера со Трамп, која се обидел да ја прикрие.

При обидот да се прикрие оваа афера, според обвинителството, Трамп прекршил бројни американски финансиски закони.

Се очекува поротата да започне со расправа за конечната пресуда следната недела.а

реклама

Свет

Израел со средновековно оружје го напаѓа Хезболах

Read more

Додик: Босна и Херцеговина е последната колонија во Европа

Read more

Во Германија запленет кокаин вреден една милијарда евра

Read more

Советот на ЕУ поддржа формирање база на таленти: Ќе се олесни вработувањето лица од трети земји

Read more
 

Вести

Во недела посебен режим на сообраќај во Oпштина Илинден поради велосипедска трка

Читај повеќе

Возач на Audi побегнал откако удрил во велосипедист и тешко го повредил

Читај повеќе
  • filter

На Прилеп му треба нова театарска зграда!

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел со средновековно оружје го напаѓа Хезболах

Читај повеќе

Фолклорни игри под Шара во Тетово

Читај повеќе

Додик: Босна и Херцеговина е последната колонија во Европа

Читај повеќе

Црна дупка на театарот Антон Панов од Струмица – најдобра претстава, 7 награди за Иванов на МНТ на 58. МТФ Војдан Чернодрински

Читај повеќе

Бесплатни прегледи на бенки и промени на кожата денес во Градски парк во Скопје

Читај повеќе

Во Скопје се вози и без возачка дозвола, МВР за еден ден напиша 132 казни

Читај повеќе