Мајсториите на Меси на тренингот на Барса
Меси неделава се приклучи на соиграчите од Барселона за подготовките во Англија и на своите први тренинзи покажува дека му недостасувал фудбалот.
Последниот натпревар Меси го одигра во јуни во финалето на Копа Америка и нема да го памти по добро. Го промаши пеналот против Чиле, а неговата Аргентина го загуби финалето.
На тренингот со Барса, тој покажува дека ја има вештината за дриблинзите, протнувањето на топката под нозете и исфрлувањето од баланс на останатите играчи.