Мајсторија во Лига Европа: Гол од центар на Спортинг против Арсенал

Португалскиот играч за врска Педру Гонсалвеш постигна фантастичен гол во осминафиналето против Арсенал речиси од центарот на теренот, а нема сомнеж дека овој гол ќе биде еден од најубавите во овогодинешното издание на сите натпреварувања на УЕФА.

Мајсторијата се случи во 62. минута кога играчите од средниот ред на Арсенал, Џака и Жоржињо лошо се искомбинираа во центарот на теренот, а откако Гонсалвеш им ја пресече топката, го виде лошо поставениот Рамсдејл и постигна одличен гол.

Откако ја повлече топката неколку метри, одлично шутираше со десната нога и ја погоди мрежата на Арсенал, враќајќи го својот тим во игра и израмнувајќи го резултатот на 1:1.

Потоа, до крајот на регуларните 90 минути и потоа во продолженијата немаше голови, па патникот во четвртфиналето беше одреден по изведувањето на пенали, каде подобро поминаа гостите од Португалија.

Трагичар за Арсенал беше Мартинели кој промаши во четвртата серија, по што Сантош од Спортинг постигна гол и го однесе својот тим во следната фаза.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шефот на Вагнер му пиша на Шојгу: Ве предупредувам дека Украина подготвува жесток напад

Read more

Кои хороскопски знаци ги очекува невидена среќа и пари во април?

Read more

Фудбал

Норвешка без Холанд против Шпанија

Read more

Лацио со осуда кон навивачите кои го величаа Хитлер и скандираа антисемитски пароли

Read more

Шкупи по втор пат го отпушти Седлоски

Read more

Де Роси ја измамил сопругата роденденот да го слави во паб гледајќи дерби

Read more
 

Спорт

Норвешка без Холанд против Шпанија

Читај повеќе

Верстапен: Не сум среќен, требаше да победам

Читај повеќе

Лацио со осуда кон навивачите кои го величаа Хитлер и скандираа антисемитски пароли

Читај повеќе

Шкупи по втор пат го отпушти Седлоски

Читај повеќе

Де Роси ја измамил сопругата роденденот да го слави во паб гледајќи дерби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси не може ни да вечера на раат во Аргентина

Читај повеќе

Претставен новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација

Читај повеќе

Дешан го избра новиот капитен на Франција

Читај повеќе

Мартина Навратилова го победи ракот на грлото и дојката

Читај повеќе