МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс е во потрага по шестата генерација „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години, кои сакаат да бидат дел од едногодишната работилница за креативен документарен филм.

Сигурно си чул/а некој од постарите како вели: „Денес е лесно, со тоа телефоните во џебот, можете сѐ да снимате и одма на Инста“. Ама не е баш така. Отвори во галерија и биди искрен/а... Колку од твоите видеа имаат приказна? Кажуваат нешто што ќе го надживее и последниот модел на ајфон?

Бараме млади, храбри и креативни луѓе кои сакаат да се изразат слободно и спремни да се впуштат во незаборавна авантура. Дванаесетмината величествени од сите вас, ќе бидат поделени во групи со по еден ментор, а на крајот секоја група ќе треба да има готов краток креативен документарен филм. (Во овој момент, не бери гајле за опрема.)

Имаш уникатна шанса да го научиш занаетот на правење документарци од прва рака наместо од видео-туторијали и да навлезеш во филмскиот свет на еден свој и уникатно интересен начин.

Програмата на „Докуникулци“ црпи искуство од досегашните 5 генерации на млади, од кои дел, веќе започнаа сериозно да се занимаваат со филм. Нашето искуство е стекнато низ 15 фестивалски години, каде се свртеле буквално илјадници документаристи, раскажувачи на приказни и вљубеници во седмата уметност. На дофат на рака имаш единствена можност за креативна дружба, од која на крајот ќе имаш свој филм! Твој филм, кој ќе биде снимен според твојата приказна, со професионална опрема, и со помош на менторска поддршка од докупрофесионалци. И наша заедничка длабока надеж дека твојот филм ќе патува на многу фестивали.

МакеДокс е во потрага по шестата генерација „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години, кои сакаат да бидат дел од едногодишната работилница за креативен документарен филм.

Сними се себеси, со телефон, камера или на кој било друг начин и преку видеото, кое не треба да е подолго од 5 минути, одговори на следниве прашања:

Покрај гледањето филмови, кои се твоите останати хобија/пасии?

Дали повеќе го следиш твоето срце или твојот разум?

По која особина сакаш да те запамтат луѓето?

Дали се поистоветуваш со некој филмски лик? Доколку да, кој е тој?

Која е причината поради која сакаш да гледаш (документарни) филмови?

Кое е твоето првично сеќавање од гледање филм?

За каква личност се сметаш себе, а пак како те сметаат другите / твоите пријатели?

Видеото испрати ни го на dokunikulci@makedox.mk преку WeTransfer. Уште подoбро, доколку си во можност, прикачи го на VIMEO или YouTube, заштитено со лозинка, а нам испрати ни ги линкот и лозинката.

Повикот е отворен до 15 јуни 2024, a резултатите ќе бидат објавени до 20 јуни 2024 година.

Работилницата ќе биде распоредена во четири сесии и ќе се случува во следниот период:

- јули 2024 (5 дена во природа)

- август 2024 (8 дена на филмскиот фестивал „МакеДокс“)

- 5-7 есенско-зимски сесии по договор во периодот од септември до јануари

- снимање и завршување на филмовите до јуни 2025

На работилницата, своите знаења и вештини во документаристиката ќе ги споделат членови на креативниот тим на МакеДокс, ланските докуникулци и наши пријатели од други земји – докажани докупрофесионалци.

Учеството е бесплатно. Трошоците за сместување, превоз и храна се покриени, но имај на ум дека сместувањето – особено за првата сесија во природа не е во хотел со пет ѕведзички, туку може да е кампување во шатори, под отворено небо со милион ѕвезди, заедно со тимот на МакеДокс.

Доколку имаш некое неодговорено прашање, слободно пиши ни! Те очекуваме!

Тагови
реклама

Нови правила за возачките дозволи на ниво на ЕУ

Read more

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Европејците не ги менуваат навиките: Dacia Sandero уште е број 1

Read more

Пет намирници кои децата не треба често да ги јадат

Read more

Култура

Хуманитарна изведба на претставата Гласови од театар Чекори на Светскиот ден на театарот

Read more

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Read more

Отворен првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади

Read more

Без зборови – хуманитарен концерт на Македонската филхармонија

Read more
 

Вести

Пет малолетници истепани од осум машки лица на автобуска во Скопје

Читај повеќе

Скопјанец ѝ се заканувал на сосетка, направил материјална штета

Читај повеќе

Најстариот еврејски весник за Додик: Негирач на геноцид зборува за антисемитизам - срам за Израел

Читај повеќе

Избран нов градоначалник на Истанбул по апсењето на ривалот на Ердоган

Читај повеќе

Кремљ поставува услови за прекин на огнот во Црното Море

Читај повеќе

Рудниците за литиум во Србија ги нема на списокот со стратешки проекти на ЕУ

Читај повеќе

Јон Фрчкоски: Нема да дозволам да бидам месо за јавен линч

Читај повеќе

Собранието се правда: Пратениците работат

Читај повеќе

Деаноски: Првпат од 2012 година, Владата сама, без работниците, одлучува за минималната плата

Читај повеќе