Македонците со најмали шанси за азил во ЕУ

Европската агенција за азил, ЕАСО, во својот извештај за 2019 година, констатира дека првпат е зголемен бројот на барања за азил во ЕУ, а растот се должи на лица од земји со кои ЕУ го укинала визниот режим.

Во текот на 2019 се поднесени над 714 илјади барања за азил во ЕУ, што е зголемување од 13 отсто во споредба со претходната година, за првпат имало повеќе барања отколку за време на бегалската криза во 2015 година.

Но, вели ЕАСО, „зголемувањето не се должи главно на нередовната миграција туку на апликации од земји кои имаат слободен визен режим со Шенген“.

Најголемиот дел од растот доаѓа од големиот број апликанти на кои не им е потребна виза за влез во Шенген, што објаснува зошто барањата за меѓународна заштита се зголемени, а детектираните нелегални влезови на надворешните граници се намалени.

Меѓу нив се наоѓаат лица од Венецуела, Колумбија, Хондурас и Ел Салвадор, но и од западниот Балкан.

Меѓутоа, предупредува ЕАСО, лицата од западен Балкан имаат најмалку шанси да добијат каква било меѓународна заштита или статус на азилант.

Стапката на признавање на азилантски статус во ЕУ е 33 отсто, најмногу добиваат Сиријците со 85 отсто, Јеменците со 82 отсто и Еритрејците со 81 отсто, додека најниска стапка на одобрување на азил имаат Македонците и Молдавците со еден отсто и Албанците со шест отсто. Слаба е стапка на признавање и за лицата од Венецуела и Колумбија, меѓу пет и седум отсто.

Македонците се исто така меѓу лицата кои најмногу повторно аплицираат откако ќе бидат одбиени: една третина од нив го прави тоа и покрај фактот што имаат најмалку шанси да добијат.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе