Македонец е најдобриот фудбалер во Шведска за 2022 година

Филип Здравески
/ 28.12.2022 / 13:32

Шведскиот репрезентативец со македонски корени, Дејан Кулушевски, ја доби наградата Гулдболен (Златна топка) за најдобар шведски фудбалер за изминатава 2022 година.

Играчот на Тотенхем имаше одлична година и сосема заслужено за прв пат во својата кариера ја доби оваа награда. Воедно, со своите 22 години тој е најмлад игач кој ја освојува оваа награда по легендарниот Томас Бролин во 1990.

„Целата година ми беше апсолутно фантастична. Дојдов во Тотенхем и се вратив во живот, си ја повратив гладта, љубовта и сето тоа само пролета. Чувствувам како се подобрувам, и ми е неверојатно забавно кога сум на теренот“, рече Кулушевски.

Тој во јануари од редовите на Јуве премина во Тотенхем и оттогаш во Премиер лигата постигна 6 гола и асистираше 13 пати на вкупно 28 натпревари.

Единствено поле на кое немаше успех е репрезентацијата на Шведска со која не успеа да се пласира на Мундијалот во Катар откако загуби од Полска во финалниот бараж во март. Годинава во жолто-синиот дрес одигра 7 натпревари, постигна 1 гол и 3 асистенции.

„Наградата Гулдболен на Шведската фудбалска асоцијација и Aftonbladet (дневен весник, заб. на прев.) оди кај играч кој, со играчката интелигенција и зрелост, за кратко време прерасна во водечки играч во најсилната лига во светот“, рече Симон Банк додека го соопштуваше победникот.

URL

„Се разбира, многу сум горд и среќен што ја добивам оваа награда. Многумина ми помогнаа на патот, кој беше исполнет со напорна работа. Горд сум што ја добивам наградава“, додаде Дејан.

Кулушевски е првиот Македонецд кој е играч на годината на европска земја, а да не е Македонија. Двајцата негови родители се од Охрид, а тој е роден во Шведска. За жал, порано настапуваше за македонската репрезентација до 16 години, но потоа одлучи да ги брани боите на Шведска.

Тој е вториот Балканец кој добива Гулдболен. Претходно тоа му успеа на Златан Ибрахимовиќ и тоа во дури 12 наврати, последниот пат во 2020 година.

Оваа награда датира уште од 1946 година, а прв освојувач е легендарниот Гунар Грен.

Кулушевски ја продолжи низата на играчи кои ја добиваат оваа награда, а не настапуваат во шведската лига. Последен играч од домашното првенство кој ја доби наградата е Роланд Нилсон во 1996 година, а тогаш настапуваше за Хелсинбориј.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе