Македонец од жариштето на карантинот во Италија: Апокалипса денес

Бројот на заразени со новиот корона вирус во Италија се зголеми на 219, а пет лица починаа во епидемијата што се шири кон финансискиот центар Милано.

Италијанските власти изолираа неколку области во Ломбардија и Венето кои се индустрискиот центар на Италија и заедно сочинуваат 30% од БДП на земјата. Во овие области се забранети сите јавни настани, затворени се училиштата и ограничено е движењето на населението само за најнеопходни работи.

Првиот случај на корона вирусот во Италија беше забележан во Кодоњо гратче југоисточно од Милано. Пациентот е 38-годишен маж кој се заразил по средба со пријател кој бил во посета на Кина. Неговата состојба е стабилна.

Единаесет населени места, од кои повеќето во северната област Ломбардија се изолирани согласно мерките што ги презеде италијанската Влада, по вонредната средба поради епидемијата на новиот корона вирус. Ниту влегување, ниту излегување од области за кои се смета дека се места од каде се шири заразата  не се дозволени без посебна дозвола. Сите јавни собири, спортски настани и други настани се забранети за една недела, меѓу кои и четири натпревари од Серија А.

Македонец кој живее во еден од регионите под карантин, вчера го сподели искуството на Форумот Кајгана, наведувајќи дека „технологијата колку направи добро, уште 5 пати направи полошо“.

„.Како да е нуклеарна криза... стварно е језиво“, вели корисникот на Форум Кајгана под псевдоним Tutor.

„Апокалипса денес. Јас лично не сум уплашен од вирусот, но сум уплашен од ефектите кои веќе ги постигна - затворени школи, банки, здравствени институции, спортски објекти, кина, фабрики“, вели тој.

Целосниот пост може да го прочитате ТУКА.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе