Македонската фудбалска репрезентација направи скок од две места на најновата ранг листа благодарение на позитивните резултати во септемвриските квалификации.
Ремито 1:1 на гости кај Израел и победата од 2:0 над Латвија исто така на гостински терен во ракмиките на квалификациите за пласман ан ЕУРО 2020 ѝ донесоа на Македонија 6 бодови повеќе од минатото рангирање. Во однос на минатиот пат, „рисовите“ ги поминаа репрезентациите на Јужна Африка, Саудиска Арабија и Ел Салвадор.
Кога станува збор за врвот, таму нема промена. И натаму води Белгија, но сега втора е Франција која го потисна Бразул на третото место.
Најголем скок направи карипската репрезентација на Гренада која скокна 13 места. Најмногу поени освоија Кајманските Острови и Гренада, по 28, а најмногу натпревари одигра Ирак, дури 7. Најголем пад забележаа Есватини и Никарагва, по 11 места наназад, додека најмногу поени изгуби Тајван, 25.
Наредната ранг листа ќе излезе на 25 октомври, а во меѓувреме Македонија ја пречекува Словенија и гостува кај Полска.