Фудбал
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Македонија го победи Израел, за првпат сме трети

19. ноември 2019 - 21:34 | Ф.З.

За првпат во едни квалификации Македонија заврши повисоко од 4-тото место откако вечерва на „Тоше Проески“ арената со голот на Николов го совлада Израел.

Уште од почеток македонската репрезентација се виде дека оди на победа. Во првите две минути Елмас и Барди имаа неуспешни обиди за гол, но му ставија дознаење на Израел дека Македонија оди на победа.

Ангеловски се реши за формација 4-2-3-1 со Димитриевски на голот, во одбраната Ристевски, Велковски, Муслиу и Ристовски, Барди и Николов во средниот ред, а Елмас, Пандев и Костадинов како поддршка за најистурениот Стојановски кој за првпат стартува од почеток.

Македонија имаше иницијатива и повеќе шанси во првиот дел, но едноставно не успеа сериозно да го загрози голот на Ариел Харуш. Во 37-мата минута Барди од слободен удар ја затресе пречката од израелскиот гол. На минута пред паузата Николов упати за малку непрецизен удар кој заврши крај десната статива на гостинскиот гол.

Водечкиот гол го постигна Бобан Николов во првата минута од судиското надополнување кога упати прецизен удар по една одбиена топка од корнер.

Изреал скоро и да не дојде до голот на Димитриевски во првите 45 минути.

Во вториот дел повеќе се играше на средината од теренот. И двете репрезентации ретко доаѓаа до голот на противникот, а виновник за тоа можеби беше и дождот кој почна обилно да врне уште на паузата.

Во другите натпревари од нашата група, Австрија со комбиниран тим непријатно ги изненади своите навивачи губејќи со 1:0 кај Латвија. Ова е прва победа и први бодови за балтичката репрезентација. Полска во интересен натпревар исполнет со пет голови ја совлада Словенија со 3:2. Всушност, Полјаците ни направија услуга бидејќи за да бидеме трети освен победа над Израел ни требаше и Словенија да загуби.

Конечна табела:

Коментирај