1.МФЛ 2019/20

Македонија ЃП: Со глава во ѕид не се оди, ги прекинуваме сите активности

Откако шестмина од таборот на Шкендија и Ренова добија позитивни тестови на коронавирусот, прволигашот од населбата Ѓорче Петров ги прекина тренинзите најавувајќи крај на сезоната.

Фото: ФК Македонија ЃП Скопје

Иако Македонија ЃП не објави дека се повлекува од продолжението на првенството, меѓу редови токму тоа се чита. Во соопштението објавено на клупската Facebook страница велат дека како одговорен клуб не сакаат да одат со глава во ѕид за по секоја цена да се продолжи прекинатото првенство.

Воедно, ги демантираа гласините кои одредени медиуми ги пласираа дека за деновиве закажале пријателски натпревар со лидерот Вардар како дел од подготовките.

„Ние како одговорен клуб за здравјето на нашите фудбалери и сите вработени во клубот ги прекинуваме сите активности од денеска, и чекаме нови насоки од Владата на РСM и ФФМ. Македонија ЃП отсекогаш била за решение на фудбалот на зелените терени, но со глава во ѕид не се оди. Се срамиме од вестите на некои медиуми и ги демантираме сите вести дека имаме закажано пријателски натпревар со ФК Вардар!“, се наведува во клупското соопштение.

Претходно „Лавовите“ најавија дека се категорично против одлуката на ФФМ сезоната да продолжи со играње, но без испаѓање.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе