Регион

Македонија и БиХ договорија признавање на возачките дозволи и можност за замена

13. септември 2017 - 14:06 | А.С.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за комуникација и транспорт на БиХ, Исмир Јуско, денеска потпишаа спогодба меѓу Советот на министри на БиХ и Владата на Република Македонија за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи.

Во рамки на билатералната посета на Македонија, министерот Јуско, заедно со секретарот на Министертвото Игор Пејиќ, оствари средба со делегацијата на Министерството за транпорт и врски на Македонија, предводена од министерот Горан Сугарески.

На состанокот било иницирано воспоставување на воздушна линија Скопје-Сараево, а исто така било договорено преземање на понатамошни активности за што поскоро отворање на линијата.

Спасовски и Јуско потпишаа договор за признавање на возачките дозволи на граѓани на Македонија и на БиХ кои легално престојуваат на териториите на двете држави, а исто така ќе може да се оствари замена на возачката дозвола во другата земја, без полагање на теоретскиот и практичниот дел од испитот, за управување на возила во онаа категорија или поткатегорија за која важи оригиналната возачка дозвола.

Коментирај