Македонија ќе звучи моќно на Евросонг 2021
Васил Гарванлиев, кој ќе биде претставникот на Северна Македонија на Евросонг 2021, денеска ја промовираше песната со која ќе настапи во Ротердам.
Песната насловена „Here I stand“ со видеозапис беше промовирана претходно денеска во Дневник 1 на МТВ, а сега е достапна и на YouTube. Песната е работена според музика и текст на Васил, а за аранжманот и продукцијата се погрижија Борче Кузмановски и Давор Јордановски.
Му посакуваме голем успех на Васил во Ротердам, а со ваква моќна песна сигурни сме дека ја одушеви публиката ширум Европа и светот.