ЦЕВ ЕУРО 2023

Македонија кодомаќин на одбојкарското ЕУРО 2023

Македонската одбојкарска федерација ја доби организацијата на една од групите на машкото сениорско Европско првенство во 2023 година. Ова значи дека македонските одбојкари третпат по ред ќе учествуваат на континенталните самити.в

Добрата вест за одлуката на ЦЕВ да ја прифати апликацијата на ОФМ, на премиерот Зоран Заев и на челниците на македонската одбојка лично им ја соопшти првиот човек на Европската одбојкарска конфедерација Александар Боричиќ. На денешниот состанок во нашата Влада, претседателот на ЦЕВ го истакна постојаниот ангажман на ОФМ во организација на меѓународни настани, како и резултатите на одбојкарскиот терен во последно време.

„Сега кога Владата ја поддржува организацијата на големите европски настани според највисоки стандарди, а тоа се однесува на Европската сребрена лига 2021, на Европското првенство за одбојкарки до 19 години во 2022, како и на една група од сениорското машко Европско првенство во 2023, можам да кажам дека Одбојкарската федерација на Северна Македонија им се доближи на најдобрите организатори на големите одбојкарски настани во Европа“, рече Боричиќ.

По двете победи на премиерниот настап на големите турнири, меѓу кои и онаа над континенталниот вицепрвак од 2019 - Словенија, како и пласманот на претстојното Европско првенство во септември годинава, доделената организација на една од групите на ЕУРО 2023 ќе му овозможи на македонскиот национален состав повторно да биде во елитното друштво.

„Се радувам за ваквата чест добиена од ЦЕВ. Ја изразувам силната поддршка за одбојкарскиот спорт којшто во последните неколку години забележува одлични резултати на меѓународен план. За мене задоволството е уште поголемо затоа што голем дел од одбојкарските репрезентативци се од мојот град Струмица“, рече македонскиот премиер Заев.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Останати спортови

Снукерот ќе стане олимписки спорт?

Read more

Поранешен УФЦ шампион го „скрши“ јутјуберот Френки Си

Read more

Усик и Дубоа ќе боксуваат за обединување на титулите во тешка категорија

Read more

Конор Мекгрегор откри под кој услов повторно би се борел

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело на поткаст си ја отвори душата: За Савичевиќ, Бекам, Малдини, Ибра, Роналдо, Гулит, Баџо, Тоти...

Читај повеќе

Четири држави домаќини на Евробаскет 2029

Читај повеќе

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Читај повеќе

Барселона добила неверојатна понуда за Јамал

Читај повеќе

Ван Нистелрој го напушта Лестер

Читај повеќе

Гарначо бесен по финалето: Играв само 20 минути...

Читај повеќе

Голем гаф на УЕФА: Чеферин остана без медали, тројца играчи на Тотенхем извисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Гилџс-Александер е НБА МВП, го стигна Џордан

Читај повеќе

Како Тотенхем ѝ донесе рекорд на Англија во ЛШ?

Читај повеќе