КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Македонија поразена од Австрија

Виена, 16 ноември 2019 (МИА) – Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пораз со 2:1 на гостувањето кај Австрија во квалификациски дуел за ЕУРО 2020.

Со вечерашната победа, домаќините си обезбедија пласман на завршницата на континенталното натпреварување следната година. За нашата селекција останува шансата за пласман на ЕП 2020 преку баражот во Лигата на нации во март. Во полуфиналната пресметка играме со Косово.

Нашата репрезентација на „Ернст Хапел“ излезе во ослабен состав, откако поради повреди не настапија Адеми, Алиоски и Тричковски, Пандев се разболе, додека суспендирани беа Муслиу, Несторовски и Николов. Селекторот Ангеловски им даде шанса на неколку дебитанти.

Дејвид Алаба и Штефан Лајнер беа стрелци за Австријците, додека Влатко Стојановски беше прецизен за „црвено-жолтите“ во судиското надополнување што за него беше деби гол и тоа во деби натпреварот.

Нам ни останува последниот дуел од овој квалификациски циклус со Израел, откако со победа ќе се надеваме на пласман на третото место во групата Г.

реклама

Викендот без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври

Read more

Филипче: Разговараме сите во регионот да ги отвориме границите со исти правила за ПЦР тестовите

Read more

Возевме: Спуст по новата велопатека на Водно

Read more

Швајцарија на референдум гласа за слободното движење со ЕУ

Read more

Фудбал

Шкендија славеше во Битола и се одлепи на врвот

Read more

Конте: Очајни бевме во одбрана, не може така

Read more

Интер со фуриозен финиш во голеада ја победи Фиорентина

Read more

Голманот на Пандев позитивен на корона

Read more

Спорт

Шкендија славеше во Битола и се одлепи на врвот

Читај повеќе

Куартараро ја врати предноста во Мото ГП по победата во Каталонија

Читај повеќе

Конте: Очајни бевме во одбрана, не може така

Читај повеќе
  • filter

Заврши „Европската фудбалска недела“ на Специјална олимпијада Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас со златен гол ја врати надежта

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс е шампион на Западот и обезбеди финале

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Интер со фуриозен финиш во голеада ја победи Фиорентина

Читај повеќе

Вардар и Пелистер ги дознаа противниците во СЕХА лигата

Читај повеќе

Голманот на Пандев позитивен на корона

Читај повеќе