Македонија потпиша Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија

„Оваа нова политичка рамка за дијалог и соработка во областа на безбедноста и одбраната ја потпишаа Високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во име на Европската Унија и Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во име на Република Македонија, соопштија од МНР.

Неоправданата и неиспровоцирана војна на агресија на Русија против Украина ја истакна суштинската потреба за единство и солидарност во самата Европската Унија, така и меѓу нејзините најблиски партнери, што дополнително ја нагласи важноста на зајакнатото Партнерство за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Република Македонија. Македонија е важен и вреден партнер за Европската Унија во областа на мирот, безбедноста и одбраната, како и активен учесник во својство на трета земја во Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската Унија (ЗБОП). Потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана е одраз на одличната и континуираната соработка меѓу Европска Унија и Македонија и е клучен чекор кон потесна соработка за широк спектар безбедносни прашања, а во полза на граѓаните на Европската Унија и Македонија, претставувајќи исто така и важен елемент на напорите на Македонија за интеграција во Европската Унија. Новиот инструмент, меѓу останатите области, ги опфаќа областите на соработка за управување со кризи, поддршка за Украина, спречување на хибридни закани, сајбер прашања, градење капацитети и обуки, борба против тероризам и надворешни аспекти на интегрираното управување со границите, истакнуваат од министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Областите утврдени во Партнерството за безбедност и одбрана редовно ќе се разгледуваат, при што ќе се прави преглед на напредокот и ќе се даде поттик за натамошно јакнење на соработката, додаваат од МНР.

реклама

Хороскопски знаци на кои ќе им „паѓаат пари од небо“ во 2026 година

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Read more

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Read more

Македонија

МЗ: Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството

Read more

Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд

Read more

Инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржина и јутјуберите да се регистрираат во АВМУ, соопштија од агенцијата

Read more

Лекарската комора дава поддршка за новиот Закон за заштита од пушење

Read more
 

Вести

„Као какао“ – прв македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски

Читај повеќе

МЗ: Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството

Читај повеќе

На „Богородица“ откриени службени пиштоли украдени од обезбедувањето на ЈП „Паркови и зеленило“

Читај повеќе

Скопјанец им се заканувал на сопругата и ќерките дека ќе ги убие и запали

Читај повеќе

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Читај повеќе

Како се Балканот и Венецуела поврзани на пазарот на кокаин?

Читај повеќе

11-годишно дете во САД го убило татко му затоа што му ја зел видеоиграта

Читај повеќе

Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржина и јутјуберите да се регистрираат во АВМУ, соопштија од агенцијата

Читај повеќе