КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Македонија рутински мина во Лихтенштајн

Филип Здравески
/ 22.03.2025 / 17:00

Македонија со рутинска победа над Лихтенштајн ги отвори квалификациите за пласман на Мундијалот 2026 во Канада, САД и Мексико.

Фото: ФФМ

На „Рајнпарк“ стадионот во Вадуц селекторот Благоја Милевски истрча со Столе Димитриевски, Висар Муслиу, Никола Серафимов, Ѓоко Зајков, Езѓан Алиоски, Елиф Елмас, Исник Алими, капитенот Енис Барди, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски и Бојан Миовски.

Пред почетокот на натпреварот со минута молк беше оддадена почит за настраданите од пожарот во дискотеката во Кочани. По тој повод и македонските фудбалери настапија во третата гарнитура дресови со темни бои.

Од самиот почеток се виде кој ќе ја диктира играта - Македонија. Во 7. минута, во првиот сериозен напад, по контра топката ја стигна Миовски, го мина излезениот голман Бихел и од лево му сервираше на глава на Трајковски, кој лесно ја смести во празната мрежа за отворање на резултатот.

Лихтенштајн се закани во 22. минута преку брза контра, кога Пици од левата страна пријде накај шестнаесетникот и шутна, Димитриевски одбрани, но ја испушти топката за потоа да ја зграпчи пред гол-линијата.

Водството беше дуплирано во 42. минута кога Барди нафрли од десниот корнер, на прва статива Алими со глава ја прати топката на средина, а таму на петерецот Муслиу во пад ја начека на прва и ја затресе мрежата.

Во вториот дел сликата на теренот беше идентична, но Македонија постигна само еден гол. Уште на паузата Милевски направи две замени, вадејќи го Алими кој се жалеше на повреда, како и Серафимов, а влегоа Јани Атанасов и Бојан Илиевски, единствен од домашната лига што доби шанса да поигра. Потоа во 62. минута уште две измени, Бојан Димоски и дебитантот Давид Тошевски на местото на Алиоски и Трајковски. Последен во 80-тата влезе Кристијан Трапановски место Чурлинов.

Токму дебитантот Тошевски имаше шанса да погоди во 81. минута кога одлично смири една нафрлена топка, но за жал го префрли голот. Три минути подоцна нововлезениот Илиевски од десно со надворешна нафрли кон Миовски, кој мајсторски во пад ги постави конечните 3:0.

Remote video URL

Во нашата група вечерва играат Велс - Казахстан, во Кардиф од 20:45 часот. Репрезентацијата на Белгија е слободна во овој мартовски прозорец поради обврски во Лигата на нации.

Наредното коло е во вторник кога Македонија го пречекува Велс, а играат и Лихтенштајн - Казахстан.

Табела:

реклама

Турција забрани царски рез во приватните клиники

Read more

Неделен хороскоп за секој знак од 21 до 27 април

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Ќе се гради нов Скопски саем

Read more

Фудбал

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Read more

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Read more

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Read more

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Лејкерс израмнија против Минесота, Дончиќ на прагот на трипл-дабл

Читај повеќе

Димитријевиќ го напушта Милано?

Читај повеќе

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Читај повеќе

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Читај повеќе
  • play_arrow

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Читај повеќе

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Читај повеќе
  • play_arrow

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Читај повеќе

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Читај повеќе

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Читај повеќе