УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Македонија со пенал во 90+ извади реми против Грузија

Филип Здравески
/ 14.10.2020 / 22:38

Македонија и Грузија одиграа ново реми и тоа со ист резултат како и во Тбилиси во септември.

Фото: Филип Здравески

Македонскиот селектор Игор Ангеловски натпреварот го почна со стандардниот голман Столе Димитриевски; во одбраната триото Кире Ристевски, Дарко Велковски и Ѓоко Зајков; по страничните позиции Џани Алиоски лево и Стефан Ристовски десно; во средниот ред Бобан Николов и Тихомир Костадинов; додека во нападот триото Горан Пандев, Иван Тричковски и најистурениот Илија Несторовски.

Фото: Петр Стојановски / ФФМ

Првиот дел мина во надмудрување на средината на теренот. Шанси скоро и да не видовме во првите 45 минути, а двајцата голмани останаа без ниту една интервенција. Проблеми за грузискиот селектор имаше по само 7 минута откако напаѓачот Китаишвили се повреди и мораше да биде заменет.

Првиот обид дојде дури во 33. минута кога по едно нафрлување на Алиоски, Нестороски ја спушти топката до Пандев кој од работ на шестнаесетникот упати удар, но беше блокиран и топката заврши во корнер.

Кон крајот на полувремето Македонија имаше два обида по корнер. При првиот ударот на Велковски со глава беше блокиран за нов корнер по кој Пандев, исто со глава, за малку биеше крај левиот дирек.

Останува фактот дека во првите 45 минути и двете репрезентации ниту еднаш не ја погодија рамката од противничкиот гол. Останува да го поправат впечатокот после паузата.

По петнаесетминутаната пауза, двете репрезентации заиграа далеку поактивно и поотворено.

Првата сериозна шанса ја имаа гостите три минути по паузата. Едно нафрлување од десно непланирано отиде в гол, но Димитриевски одлично интервенираше. На одбиената топка налета Даушвили кој упати силен удар, но нашиот голман уште еднаш се покажа на дело,.

Во 54. минута Николов упати една бомба од дваесетина метри, но Лорија беше на место.

Македонија остана со играч помалку во 67. минута откако по една гостинска контра Димитриевски истрча да ја расчисти опасноста, несмасно играше со рака и заработи директен црвен картон. Тоа направи дополнителни проблеми за Ангеловски кој за да стави нов голман мораше да извади играч, а изборот падна на Несторовски, додека меѓу стативите застана Шишковски.

Во 73. минута гостите дојдоа речиси до водство кога Катчарава ја погоди стативата. Сепак, водството стигна веќе во наредната минута кога Кварацхелија се проби во нашиот шестнаесетник, измести двајца македонски играчи и со силен удар ја затресе мрежата на нововлезениот Шишковски.

Во судиското надополнување Македонија доби удар од белата точка откако Зајков беше фаулиран во казнениот простор. Одговорноста ја презеде Алиоски кој успешно погоди израмнувајќи на 1:1.

Remote video URL

И другиот натпревар од нашата група заврши со истиот резултат, а играа Естонија и Ерменија. Со тоа, нема промени на табелата и по ова 4. коло.

Следниот натпревар на Македонија е повторно против Грузија, но овој пат во финалниот бараж за пласман на ЕУРО, а ќе се игра на 12 ноември.

реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе