Македонија треба да плати 9.000 евра отштета за трансродовото лице „Икс“

Стразбур, 17 јануари 2019 (МИА) – Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур пресуди во корист на трансродовото лице „Икс“ кое ја тужеше Македонија поради повреда на правото на приватност и на неефикасен правен лек во земјата.

Судот ја уважи тужбата врз основа на членот осум на Конвенцијата за човекови права што се однесува на повреда на правото на приватност и изрече казна од девет илјади евра нематеријална штета која државата ќе треба да му ги исплати на лицето „Икс“ поради претрпен стрес.

Одбраната на „Икс“ се повикуваше во тужбата и на членот тринаесет кое се однесува не неефикасен правен лек. Овој член беше важен за одбраната поради тоа што отвора јасен пат за измени во законската рамка во Македонија.

Сепак, Судот во својата одлука констатира повреда на членот осум „поради отсуство на регулативна рамка“.

Коалицијата Маргини која го поддржуваше случајот на „Икс“ пред Стразбур оцени дека по оваа пресуда Македонија има обврска да донесе закон кој ќе им овозможи на трансродовите луѓе брза, транспарентна и пристапна постапка за правно признавање на родот.

Ова е прва одлука на Судот во Стразбур за правата на трансродовите лица во Македонија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Read more
 

Вести

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе