Македонки уапсени во Србија заради лажирање на вакцинација

Белград, 27 септември 2021 (МИА) – Две државјанки на Република Северна Македонија ги доведоа во заблуда здравствените работници во Србија, успевајќи да добијат потврда за вакцинација, иако не ја примиле вакцината, јави дописникот на МИА од Белград.

Инцидентот се случил во саботата околу 12 часот во Спортската сала во Врање на главниот пункт за вакцинација во тој град, потврдија од Основното јавно обвинителство во тој град.

Две државјанки на Република Северна Македонија од Скопје, на возраст од 54 и 40 години, по лекарскиот преглед и добивањето потврда за вакцинација ја напуштија Спортската сала, иако не беа вакцинирани.

Според Миодраг Стојановиќ, портпарол на Основното јавно обвинителство во Врање, државјанките на Северна Македонија биле запрени на граничниот премин Прешево, кога биле уапсени за кривично дело наведување на заверка на лажна содржина и сослушани и казнети со уплата за хуманитарни потреби од по 60.000 динари (510 евра) секоја.

– Двете државјанки на Северна Македонија (54) и (40), од Скопје, дојдоа во Спортската сала во Врање, а потоа ги доведоа во заблуда здравствените работници за да им дозволат да ја пополнат согласноста за вакцинација против COVID-19, така што по медицинскиот преглед и добивањето потврда за вакцинација се оддалечија од Спортската сала без да ја примат вакцината, по што беа запрени на граничниот премин Прешево, кога беа уапсени за кривично дело наведување на заверка на лажна содржина и сослушани, а по примената на принципот на опортунитет ја исполнија наложена основа со уплата за хуманитарни потреби од по 60.000 динари, се наведува во соопштението на портпаролот на Основното јавно обвинителство во Врање, Миодраг Стојановиќ.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе