Македонска колонија во Леванте: Наташа Андонова му се придружи на Барди

Македонската фудбалска репрезентативка Наташа Андонова, воедно и најдобрата фудбалерка на нашата земја, ја напушти Барселона по две сезони одиграни во шпанскиот гигант.

Таа сепак ќе продолжи да настапува во шпанското првенство, откако се пресели во редовите на Леванте.

Во дресот на Барселона, Андонова на 58 средби постигна вкупно осум погодоци.

Андонова беше забележана како голем талент уште од деновите во ЖФК Тиквешанка, а потоа одличната форма ја продолжи и во ЖФК Борец. Во зимата од сезоната 2010/2011 Наташа потпиша за германскиот гигант Турбине Потсдам и таму одигра неколку фантастични сезони, пред да се пресели во Шведска, во тимот на Розенгард.

Во јануари 2017 година таа потпиша за ПСЖ, а веднаш во летото истата година повторно го промени клубот и стана фудбалерка на Барселона.

Со потпишувањето во Леванте, сега овој шпански клуб во своите редови има двајца македонски репрезентативци – едниот од женската, а едниот од машката репрезентација. Енис Барди е во Леванте веќе две цели сезони, а наредната ќе му биде трета во клубот. Тренерот на клубот најави дека во новата сезона сериозно ќе смета на услугите на нашиот маестро за слободни удари.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе