Македонска поезија во московска „Литературнаја газета“

Скопје, 1 јуни 2018 (МИА) - Во најновиот, мајски број на книжевниот весник „Литературнаја газета“, орган на Сојузот на руските писатели,  објавен е избор од македонската поезија во препев на Олга Панкина, поетеса и раководител на Македонскиот културен центар во Москва.

Во изборот е претставена генерацијата што на литературната сцена во Македонија доаѓа во 70-те и 80-те години на минатиот век, објавени се стихови од Ефтим Клетников, Веле Смилевски, Санде Стојчевски, Ристо Лазаров, Раде Силјан, Катица Ќулавкова, Славе Ѓорѓо Димоски, Вера Чејковска, Милош Линдро, Бранко Цветкоски, Весна Ацевска и Братислав Ташковски.

Во воведниот текст на изборот се пишува за Македонија како лулка на словенската писменост, а за современата македонска поезија се подвлекува дека таа е богата и разновидна со тематските и стилските специфики.

„Нејзините класици Кочо Рацин, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Гане Тодоровски и Матеја Матевски се доволно познати во Русија. Доаѓа време на руските читатели да им претставиме дел од творештвото на генерацијата која е преведувана во светот, високо оценета и наградувана со државни и меѓународни признанија“, наведено е во воведот на изборот од македонската поезија објавен во „Литературнаја газета“.

„Литературнаја газета“ е книжевен весник со најдолга и најзначајна традиција во Русија. Списанието е основано во 1830 година од Алесандар Сергеевич Пушкин, а обновено во 1929 година по предлог на Максим Горки. „Литературнаја газета“ е неделник на чии страници се објавуваат прилози на книжевни, културни и општествени теми, со посебен блок на преводна литература во кој е презентиран најновиот избор од современата македонска поезија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе