Македонската естрада се збогува од членовите на бендот ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани

Меѓу загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се и четворица членови на бендот ДНК, при чиј настап се случи трагедијата.

Андреј Ѓоргиески, еден од пејачите на бендот, им подлегна на повредите од пожарот во Кочани. Потврда за неговата смрт „Телма“ доби од семејството. Според изјавите на очевидци, Андреј последен пат бил виден како по втор пат се враќа во дискотеката за да спасува деца по катастрофалниот пожар кој брзо се проширил за само неколку минути.

Во пожарот загина и музичарот Филип Стевановски од Куманово, член на групата ДНК. Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистер на џез-науката, а работел и како професор во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михаилов“ (ДМУЦ) во Штип.

Претходно беше објавено дека починал и струмичанецот Ѓорги Горгиев, тапанар на групата ДНК.

Меѓу загинатите е и Александар Коларов, гитаристот на бендот.

Од Факултетот за музичка уметност во Скопје потврдија дека во пожарот животот го загубила и Сара Пројковска, која беше придружен вокал на групата ДНК. Трагичната вест ја потврдија и од факултетот каде Сара работеше како професор:

„Со длабока тага и неверување ве известуваме дека нашата колешка, проф.д-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидена трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добро девојче...“, се вели во објавата на социјалните мрежи.

Естрадата се збогува со трагично загинатите колеги

„Со скршено срце се збогуваме со нашите пријатели, колеги Андреј, Сара, Ѓорѓи, Александар Коларов, Александар Ефремов, Филип, Игор….“, напиша македонската пејачка Каролина Гочева на социјалните мрежи.

Со скршено срце се збогуваме со нашите пријатели, колеги Андреј, Сара, Ѓорѓи, Александар Коларов, Александар Ефремов,...

Posted by Karolina Goceva on Sunday, March 16, 2025

„Ќе продолжат да живеат во секоја песна и секое срце кое го имаат допрено преку нивната работа. Занемени сме од болка!

Најдлабоко сочуство до нивните семејства и најблиски!“, напиша Каролина Гочева.

„Не можам да престанам да плачам“, напиша пејачката Елена Ристеска.

Не можам да престанам да плачам, Андреј ни со тебе така не се договоривме, планиравме нова песна со ДНК..:((( Турнеи две...

Posted by Elena Risteska on Sunday, March 16, 2025

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски на својот Instagram профил се прости со колегата Андреј со емотивни зборови.

Тој на социјалните мрежи испрати емотивни зборови и изрази сочувство до семејствата на починатите.

„Не се сеќавам на толку тежок и мрачен ден. Срцето ме боли за сите загинати во пожарот во Кочани. Не знам како родителите и семејствата се справуваат со оваа страшна загуба и болка, се молам Господ да им даде сила.

Андреј, многу ми е тешко да се збогувам со тебе. Голема душа, секогаш подготвена да помогне. Се врати да ги спаси децата од дискотеката… ќе ми недостигаш неизмерно.

Изгубивме прекрасни луѓе и колеги. Андреј Ѓоргиески, Сара Пројковска, Ѓорги Ѓоргиев, Филип Стевановски, Александар Коларов. Моите мисли и молитви се со жртвите и нивните семејства“, напиша Даниел.

Популарната македонска пејачка Калиопи со потресни зборови се прости од Андреј Ѓорѓиески, член на бендот „ДНК“, кој трагично загина во пожарот во дискотека во Кочани.

Пејачката се осврна на неговиот херојски чин, кога, според сведоштвата, Андреј се вратил во дискотеката за да ги спаси децата по катастрофалниот пожар кој брзо се проширил.

„Андреј…срцево ми се кине на сто парчиња…а душава ПАРАМПАРЧЕ…

Твојата милост и убавина не изостанаа ни во последните мигови пред заминеш засекогаш, спасувајќи други животи…

Ништо помалку не очекував од тебе, познавајќи ја твојата човечност…

Но, не мораше вака…И ова не смее да е крај…чувствувам тага и бес… не смееше да е вака…

Ќе те чувам заедно со нашите спомени, мило дете…“, напиша таа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Преку социјалните мрежи се огласи и пејачката Тамара Тодевска.

„Денеска нè напуштија наши верни колеги, уметници, невидени таленти и предобри луѓе.

Немам зборови кои можат да ја опишат оваа болка и тага. Лута сум, гневна, тажна... разочарана... Со Андреј имам преубави моменти, заеднички настапи, концерти и дружби... Сара! Нема уметник во Македонија на кој му „нема чувано грб“, душа од човек и другарка. Фичо беше невиден талент... Ѓорги беше наш колега, чие време допрва доаѓаше...“, напиша, меѓу другото, Тамара.

Денеска не напуштија наши верни колеги, уметници, невидени таленти и предобри луѓе. Немам зборови кои можат да ја опишат...

Posted by Tamara Todevska on Sunday, March 16, 2025
реклама

Колку пати неделно треба да имате секс за да спречите депресија?

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Зошто папата Франциск цело време одбиваше да ја посети Шпанија?

Read more

МК сцена

„Јон Вардар против Галаксијата“ се прикажува на меѓународниот филмски фестивал во Москва

Read more

Врчак за Андреј од ДНК: Последната песна ја снимавме неколку дена пред да загине

Read more

Комеморација за музичарот Филип Стевановски в петок во Штип

Read more

Македонската естрада се збогува од членовите на бендот ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Спектакуларно: Фановите одушевени од трејлерот за новиот Predator

Читај повеќе

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Читај повеќе

Џо Егзотик се венча во затвор со 28 години помлад маж

Читај повеќе
  • play_arrow

Џилијан Андерсон се враќа во The X-Files?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кристен Стјуарт се венчаше со партнерката Дилан Мејер на приватна церемонија во Лос Анџелес

Читај повеќе

Џеј Ло во тесен розов комбинезон на тренинг на Ф1: Позираше со тимот на Ферари

Читај повеќе
  • play_arrow

Политиката го засени филмот: Снежана страда поради Гал Гадот

Читај повеќе

„Јон Вардар против Галаксијата“ се прикажува на меѓународниот филмски фестивал во Москва

Читај повеќе