Македонската книжевност има многу да ѝ понуди на Европската Унија

Заштитата и промоцијата на мајчиниот јазик преку литературата беше темата на втората дебата од серијалот #Culture Talks, што ја организираше денеска Europe House во Скопје.

На дебатата, која се одржа по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, како што информираат од Министерството за култура, беше истакнато виталното значење на овој ден за промоција и заштита на сите јазици, но истовремено и за подигнување на свеста за лингвистичката и културна разноликост.

Панелисти на дебатата беа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, редовната професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и директорка на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, д-р Весна Мојсова-Чепишевска, лауреатот на Европската награда за литература, Петар Андоновски и лекторот по македонски јазик Дејан Василевски.

Како голем чекор во заштитата на мајчиниот јазик беше посочен проектот за дигитализација на досиејата на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Во контекст на овие активности, министерката Костадиновска-Стојчевска напомена дека за да ја заштитиме литературата, претходно мора да работиме, да го негуваме мајчиниот македонски јазик и да ги сочуваме секој дијалект и секоја буква.

Костадиновска-Стојчевска го изрази своето задоволство што македонскиот јазик е признаен како официјален во Европската Унија и ги напомена активностите кои се преземаат во насока на негова заштита и промоција.

Таа нагласи дека годинава во културата се прославуваат неколку значајни јубилеи и во тој контекст се поддржани неколку проекти на Институтот за македонски јазик, преку кои достојно ќе биде одбележан нивниот седум децениски јубилеј, како и одбележувањето на 120 години од објавувањето на книгата на Крсте Мисирков „За македонцките работи“.

Министерката за култура се осврна и на поддршката на манифестациите кои имаат огромно значење за промоцијата на нашиот јазик, како што се Струшките вечери на поезијата и Семинарот за македонски јазик, литература и култура. Таа потсети дека годинава поддршка добиле 500-тини наслови на близу 40 манифестации во издавачката дејност.

Амбасадорот Гир истакна дека со задоволство се приклучува, како што рече, на оваа прослава на мајчиниот јазик. Тој додаде дека за него англискиот јазик е мајчин јазик, јазик со кој е лично поврзан и чувствува дека има предност што зборува на јазик што е широко распространет, исто како што тоа, на пример, го чувствува некој од Шпанија.

За неговото познавање на македонската литература, амбасадорот Гир рече дека неговите соработници секогаш се трудат да го запознаат со тоа што нему му причинува задоволство. Тој додаде дека македонската книжевност има многу да ѝ понуди на Европската Унија.

- Ваквите настани се фасцинантни и многу излагања овде ми ги отворија очите. Оваа култура има што да каже, не само тука, туку и во ЕУ, додаде Гир.

Директорката на Семинарот за македонски јазик, литература и култура Мојсова-Чепишевска, истакна дека нашата литература опстојува низ минатото без разлика колку бил негиран македонскиот јазик.

Во врска со прашањето зошто малку се изучува македонскиот јазик, Мојсова-Чепишевска рече дека квантитетот не секогаш дава квалитет, а македонскиот јазик треба да го изучуваат оние студенти кои вистински го сакаат јазикот и кои вистински сакаат да го применуваат.

- Македонскиот јазик треба да го учи најдобриот, тој што вистински сака да го учи. Писателите се една добра армија која го чува јазикот, а преку преводот тие стануваат европски автори, рече Мојсова-Чепишевска.

Таа посочи дека имаме десет лекторати на македонски јазик во светот, кои имаат образовна и едукативна цел, но остваруваат функција и на културна дипломатија. Таа посочи дека состојбата не е, како што рече, розова, но не е ни лоша, и дека има напори да се отворат лекторати и во Турција и во Кина.

Писателот и лауреат на Европската награда за литература, Петар Андоновски, истакна дека активностите на Семинарот за македонски јазик, литература и култура за промоција на македонскиот јазик се навистина значајни, но не може целата борба да падне на грижата на поединци и во врска со тоа повеќе треба да направи државата.

Андоновски ја истакна потребата од формирање Агенција за книга, која ќе работи на промоција и афирмација на македонската книжевност во светот. Тој ја посочи и важноста од учеството на саемите на книгата, особено на оној во Франкфурт, каде треба да се има поразличен пристап во промоцијата.

Лекторот Василевски ги сподели своите искуства во однос на примената на македонскиот јазик и додаде дека состојбата со примената во повеќе аспекти е лоша.

- Македонските автори се трудат да пишуваат литературно. За преводите, примената е послаба, според мене, тоа е заради ниските цени на преводите. Лоша е состојбата во примената на македонскиот јазик во медиумите и интернет порталите кои речиси и да немаат лектор, се пласираат информации кои воопшто не се лекторирани, истакна Василевски.

Тој додаде дека потребна е поголема контрола на примената на јазикот и истакна дека тоа ќе се уреди со новиот Инспекторат за примена на македонскиот јазик, чие формирање е предвидено со новиот Предлог-закон за употребата на македонскиот јазик.

Во дебатата свои размислувања на посочената тема дадоа и студенти, новинари, лектори, библиотекари и други.

реклама

Еден тип на кафе е најдобар за долговечност, многумина го пијат секојдневно

Read more

Околу 14.000 македонски граѓани останаа без денар вложувајќи пари преку Conti

Read more

Се продава најстариот фудбалски клуб во Италија

Read more

Три вообичаени грешки кои значително ги расипуваат интимните односи: Каде е проблемот?

Read more

Култура

Премиера на комедијата Жени во црвено во Македонија

Read more

Отворен 12. „Џифони Македонија“

Read more

„Букстар“ 2024: Книжевен спектакл од кој се излезе со слатка преобразба

Read more

Фестивал на перформансот во Музеј на современа уметност

Read more
 

Вести

Во понеделник неколку улици во Скопје ќе бидат затворени поради посетата на Вучевиќ

Читај повеќе

Пожарникари извлекле жена од срушена куќа во Велес

Читај повеќе

Околу 14.000 македонски граѓани останаа без денар вложувајќи пари преку Conti

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија

Читај повеќе

Еден е повреден во пукање синоќа во Чаир

Читај повеќе

Денес се трча маратон во Скопје, затворени се улици и нема да возат дел од автобусите на ЈСП

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Трајковски најави казни: Маркетите се обидуваат да го заобиколат законот и да остварат профит

Читај повеќе

Премиера на комедијата Жени во црвено во Македонија

Читај повеќе