Македонската компанија ГРЕЕМАК ГРУП, го отвори најголемиот продажен салон на ГРЕЕ во Европа

Вчера во свечена атмосфера, ГРЕЕ - брендот број 1 во светот за производство на клима уреди, во Македонија доби ГРЕЕСТОР број 1 во Европа.

Компанијата ГРЕЕМАК ГРУП, во свечена атмосфера и во присуство на бројни гости,  високи претставници  од Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија, гости од деловната сфера од земјата и странство, претставници на медиуми и јавни личности, отвори ексклузивен продажен салон со извонредно богата понуда на софистицирани технолошки уреди со знакот на ГРЕЕ.

“Горд сум на ГРЕЕМАК ГРУП - нашиот тим во Македонија, кој овие пет години со високо ниво на професионализам, успешно не поврзува со македонските корисници. Посебно сум горд на овој продажен салон кој е не само најголемиот во Европа, туку и единствениот кој има исклучително софистициран приод во уредувањето. Нашите соработници во Македонија, не уверија во високите критериуми  на македонските корисници, верувам  дека познавачите на ГРЕЕ технологијата, но и целата македонска јавност ќе се задоволни од  овој ексклузивен објект“, Изјави Џет Лианг, високо позициониран во компанијата како регионален менаџер на ГРЕЕ, кој допатува од дирекцијата на ГРЕЕ што се наоѓа во Ѕухаи  – Народна Република Кина.

Тимот на брендот број 1 во светот по производство на клима уреди, верува дека иновацијата ја креира иднината и со силна инспирација работи на создавање иновативни проекти, за подобар и поздрав живот на луѓето. Денес, еден од три продадени клима уреди во светот е со знакот на ГРЕЕ. Посветеноста на корпорацијата на чие чело е исклучителна жена - ДОНГ МИНЅУ, е со фокус  на иновациите како срце на технолошките решенија на ГРЕЕ, од каде што крвотокот ги храни сите производствени процеси, се до крајниот резултат - високо квалитетни производи што се темелат на истражувачка работа. Импозантна се бројките: 530 лаборатории за контрола; 7000 инженери; 5 институти за истражување; над 300.000.000 задоволни корисници ширум светот.

Со брендот ГРЕЕ, Македонија доби избор на поинакви решенија за домот и деловните простории.   Салонот  располага со површина од над 300 метри2, во кои се сместени резиденцијални и комерцијални клима, топлински пумпи, прочистувачи за воздух, домашни уреди, фрижидери, машини за перење, прочистувачи за вода, и други софистицирани технолошки решенија во служба на квалитетот и комфорот на живеење.

Во рамки на солонот е сметен современо простор за домување, комплетно уреден и  опремен со функционални технолошки  софистицирани уреди на ГРЕЕ. Вавиот концепт на уредување,како единствен во светот на ГРЕЕ го издвојуваат овој ГРЕЕСТОР од се до сега видено,  по што Македонија ќе се истакне на мапата  на ГРЕЕ кој е присутен во 160 земји.

Домаќини на вчерачниот настан беа сопствениците на ГРЕЕМАК ГРУП  Горан Вуковојац, Благоја Анчевски и Благоја Парапунов, како и менаџерката Даниела Николовска.  Гостите на отворањето беа пријатно изненадени и од иновативниот пристап во самата организација на настанот во чие сценарио беше и актерската игра на Драгана Левенска и Филип Миленковски од Македонски народен театар, кои ни доловија кои уреди од гамата на ГРЕЕ треба да ги  содржи еден модерно уреден семеен дом наменет за квалитетен и комфорен живот. 

Бренодт ГРЕЕ е високо инспиративен, а понудатата на уреди може да одговори и на најпробирливите. Во тоа може да се уверат и сите кои ќе го посетат новоотворениот ексклузивен салон на улица Венјамин Мачуковски, број 6, во Општина Аеродром.

Тимот на ГРЕЕ во Македонија, ве поканува на свеж воздух, чиста вода и добра клима, во најголемиот ГРЕЕСТОР во Европа.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе