Македонски државјанин тешко повреден во сообраќајка во Албанија

Тирана, 11 август 2020 (МИА) – Македонски државјанин тешко е повреден во сообраќајна несреќа, што се случила во близина на албанскиот приморски град Саранда, јави телевизија Ора њуз.

Од сѐ уште непознати причини Т.К.(44) кој управувал со автомобилот „шкода“ со скопски сообраќајни ознаки, изгубил контрола врз возилото, скршнал од коловозот и удрил во карпа покрај патот.

Возилото се движело од Саранда во правец на познатото одморалиште Ксамил. Возачот кој се здобил со тешки повреди е пренесен во регионалната болница во Саранда, но според последните информации е вон животна опасност.

Ова е трета сообраќајна несреќа овој месец во којa учествуваат македонски државјани.

На први август на патниот правец Елбасан – Пеќин во директен судир учествувал македонскиот државјанин М.К.(38), со возило „мерцедес“, при што се здобил со полесни повреди. Во несреќата животот го загубил сопатникот во возилото „сузики“ управувано од жител на Елбасан.

На истиот патен правец, на петти август, дошло до садар на три возила, автомобил „шкода“, управувано од А.И.(45) жител на Кучово, кај Берат „алфа ромео“ управувано од Н.Х., како и автомобил „мерцедес“ управуван од Р.Б. државјанин на Северна Македонија.

Во несреќата животот го загубила сопатничка во возилото „шкода“, додека со полесни повреди се здобиле тројцата возачи.

реклама

Хроника

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more
 

Вести

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе