Македонски хакер предаден на САД поради измама со кредитни картички

Словенија предаде на САД македонски државјанин кого таму го очекува судење поради продавање на украдени податоци за кредитни картички и нивните сопственици, пренесуваат словенечките медиуми.

Според извештаите станува збор за 29-годишниот Џеваир Ахметовски уапсен во Љубљана на 22 јануари 2014 година, известува словенечката новинска агенција STA.

Сè досега траела судската борба околу екстрадицијата на човекот кој е познат во хакерските кругови под прекарите „codeshop“, „sindrom“ и „sindromx“. Ахметовски, според податоците на американското министерство за правда, за пари препродавал податоци украдени од банки, коишто подоцна ги користеле криминалци.

На тој начин ширум светот биле злоупотребени податоци од повеќе од 180.000 различни кредитни и дебитни картички, а штетата нанесена на банките и поединците се проценува на милиони американски долари.

Ахметовски податоците добиени од хакери преку така наречено „рибарење“ во периодот од 2010 до 2014 година ги нудел преку порталот Codeshop.su, при што доменот SU (Sovet Union) бил регистриран во Руската Федерација, од каде што со неа според сознанијата на американската истрага управувал.

Американските правосудни власти во приведувањето на Ахметовски имале соработка со властите на Словенија и  на  Холандија. Во САД ќе му биде судено за кражба на идентитети, неовластено пристапување на доверливи податоци, како и за соучесништво во компјутерска измама од поголеми размери.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе