Македонски штанд со вина и млечни производи на „Продэкспо 2020“ во Москва

Македонски вина и млечни производи се изложени на националниот штанд со кој земјава се претставува на Меѓународниот саем за храна, пијалоци и суровини за прехрамбената индустрија „Продэкспо 2020“ во Москва.

Најголемата саемска манифестација од овој вид во Русија и во Југоисточна Европа беше отворена денеска и ќе трае до 14 февруари во изложбено-саемскиот „Экспоцентр“.

Настапот на македонските компании го организра Македонскo-руската стопанска комора, со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. На овој исклучително значаен деловен настан од областа на производството и пласманот на храна и пијалаци своите производи ги изложуваат винариите „Тиквеш“ од Кавадарци, „Далвина“ од Струмица, „Стоби“ од Градско и „Езимит“ од Лозово и млекарниците „Бучен Козјак“ од Куманово и „Малеш“ од Берово.

По отворањето на саемот, македонскиот штанд го посети вршителот на должност амбасадор на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Оливера Димовска.

– На националниот штанд на 65 квадратни метри руските увозници и дистрибутери, трговските ланци и најголемите маркети, како и другите деловни луѓе и бројните посетители, ќе можат да ги запознаат врвните македонски вина и квалитетна млечни производи на овие нашите производители, од кои дел допрва се подготвуваат за влез на овој голем пазар. Македонско-руската стопанска комора по единаесетти пат, а со државната поддршка по деветти пат, го организира презентирањето на дел од македонската индустријата на пијалаци и млечни производи, микс што маркетиншки влијае на зголемување на извозот во овој дел на светот. Можностите се на дофат на компаниите, од нив сега зависи колку ќе ги искористат, а оваа саемска манифестација е идеална за склучување на извозни деловни зделки, рече извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев.

Во „Экспоцентр“ во Москва на 100.000 квадратни метри изложени се производи од 30 индустриски сектори. Опфатени се сите сегменти од производството на храна. Присутни се 2.600 компании од 67 земји. Меѓу 31 национален штанд е и македонскиот, што, според Комората, ја отсликува заинтересираноста на земјава за развивање на економските односи со Русија.

Се очекува низ халите на „Экспоцентр“ да поминат 67.000 посетители од 112 земји и претставници на 120 меѓународни и руски трговски ланци. „Продэкспо 2020“ ги собира на едно место трговците увозници од федерално и локално ниво, кои се стратешки партнери на прехранбената и индустријата на пијалаци во Русија и Евроазиската Унија, како и претставниците на ХоРеКа секторот на хотели, ресторани, кафулиња и барови. Затоа и е огромен бројот на договори склучени врз основа на деловните контакти што се воспоставуваат на штандовите во московскиот „Экспоцентр“.

За време на саемските денови ќе се одржат и бројни тематски конференции, на кои ќе учествуваат и македонски деловни луѓе и Македонско-руската стопанска комора.

– На оваа саемска изложба може да се видат нови производи, трговски марки и брендови. Повеќе од 14 отсто од новитетите во овие индустрии се презентираат на овој саем, а од годинава посебно се издвојуваат и компаниите од секторот на органска храна, дел кој може да биде интересен за нашите производители, истакна Бешлиев.

Минатата година вкупниот обем на трговската размена меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација достигна 194.5427.987 американски долари. Македонските компании извезоа стока на рускиот пазар во висина од 52.149.341 долари, додека увезле речиси трипати повеќе или точно 142.393.646 долари. Земјава лани оствари трговски дефицит со Русија од 90.244.305 долари.

Учеството на саемот, македонските компании ќе го искористат за интензивни контакти со руските партнери, но се очекуваат и бројни деловни средби со претставници на рускатата комора и другите деловни асоцијации, како и со официјалните лица на руската администрација.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе