Македонски Телеком го изведе првото 5G демо во Македонија

Денес, во Скопје, Македонски Телеком го реализираше првото 5G демо во земјата, со што направи уште еден чекор кон воведувањето на оваа технологија во Македонија, која ќе овозможи технолошки напредок на општеството и многу нови функционалности за корисниците.

За прв пат во регионот, измерена е брзина преку мобилната мрежа, која е за над четири пати поголема од брзините на пренос на податоци на 4G мрежата.

„Денес ја измеривме најголемата брзина досега, иако брзината не е главната придобивка од 5G технологијата. Овој нов технолошки стандард ќе го смени не само начинот на кој комуницираме туку и начинот на кој живееме. Денес, покажавме дека одиме во чекор со европските земји, ги поставивме основите, ја демонстриравме неверојатната брзина на 5G. Но ова е само почеток, ќе продолжиме да инвестираме и да ја надградуваме мрежата за да бидеме подготвени за комерцијалниот старт“ – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

5G е нов технолошки стандард кој ќе биде главниот предизвик на телекомуникациските оператори во наредниве години. Супериорноста на мрежата во сите нејзини сегменти  е главниот предуслов за воведување на оваа нова технологија.  Со оглед на тоа, Македонски Телеком планира инвестиции во мрежата во наредните две години, за да ги исполни сите предуслови за комерцијалниот почеток на 5G. 

Мрежата на петтата генерација не само што ќе донесе огромни брзини на пренос на податоци преку интернет и комуникација во реално време туку целосно ќе го смени начинот на кој што функционира нашето општество: Интернет на нештата (Internet of Things) ќе стане реалност (дронови, роботи), ќе живееме во паметни домови и паметни градови, ќе возиме паметни автомобили, а ќе имаме придобивки и во медицината, образованието, бизнисот.

5G технологијата ќе почне да се имплементира во Европа од 2020 година, а целосна имплементација со сите нејзини напредни функционалности се очекува во периодот по 2025 година.

*Промотивен текст

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе